Арсовска: Мостот „Беласица“ може да биде пуштен за пешаци, велосипедисти и една лента, но не сакаме да ризикуваме!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска истакна дека според прелиминарните резултати мостот „Беласица“ може да биде пуштен за пешаци, велосипедисти и една лента.
Сепак, како што вели, не сакаат да ризикуваат.
„За 20 дена се очекува да заврши експертизата и тогаш ќе се знае подетално каква интервенција треба“, порача Арсовска.