Град Скопје доделува субвенции за купен велосипед


Фото: Б. Грданоски
Ве известуваме дека од денес 08.06.2023 година (четврток) на официјалната веб страна на Град Скопје објавен е јавен повик за субвенционирање на граѓаните на град Скопје за купување велосипеди за 2023 година.
 
Право на аплицирање имаат граѓаните на градот Скопје кои имаат купено велосипед од 01.01.2023 година и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во максимален износ од 4.000 денари по лице во кој е вклучен данок на личен доход.
 
Оваа мерка е дел од проектите за подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди, со што значително би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот.