„Патувањето на парите“- заедничка изложба на КИЦ Белград и турскиот Институт „Јунуз Емре“


„Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (14-17 век) – Патувањето на парите“ е насловот на изложбата подготвена од м-р Даниела Николова што ќе биде отворена денеска во 17 часот во Македонски културно-информативен центар во Белград. Присутните ќе ги поздрават директорот КИЦ-Белград, Васко Шутаров, директорот на турскиот Институт „Јунуз Емре“ во Белград, амбасадорите Никола Тупанчески и Илхан Сајхл […]

Режисерот Александар Поповски доаѓа во Скопје за „Амадеус“


На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалишче од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски.  По тој повод, нашиот наградуван режисер, уметнички директор на мариборската Драма, доаѓа во Скопје за да присуствува на пресот во МНТ, на кој ќе се обрати, заедно со […]

Бесплатни кино проекции на македонски филмови во Синеплекс


Агенцијата за филм денес промовираше значаен проект за доближување на домашната кинематографија до публиката, под мотото „Македонски филм. На големо платно.“ Проектот се реализира во соработка со Cineplexx и предвидува бесплатни кино-проекции на македонски филмови секој понеделник, со што македонскиот филм повторно се враќа таму каде што припаѓа – на големото платно. Секој понеделник во 18 часот, […]

Љутков го посети Спомен-домот на Разловечкото востание: Заштитата е клучна во пресрет на јубилејот


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска беше во посета на Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар изврши увид во активностите за непосредна заштита на Спомен-домот на Разловечкото востание, еден од најзначајните симболи на отпорот на македонскиот народ за слобода.  „Денеска сум во Разловци, каде што заедно со стручната […]

Универзитетската библиотека донираше книги на КИЦ во Загреб


По завршувањето на Саемот во Лајпциг, делегацијата од македонската Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје , предводена од директорот Јовица Никчевски го посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, каде оствари работна средба со директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска. Во рамките на средбата македонската Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски од Скопје на македонскиот КИЦ […]

Почнува Неделата на франкофонски филм


Со проекција на филмот „Склоност кон пораз“ од Лени и Арпо Гит вечер во Кинотека почнува Неделата на франкофонски филм што ја организираат Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во соработка со амбасадите на земјите-членки на Меѓународната организација на Франкофонијата. На отворањето ќе се обратат амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и амбасадорот […]

Честа е голема, а општествената одговорност уште поголема: Интервју со Драган Даутовски за приемот во МАНУ


Проф.д-р Драган Даутовски, сега во пензија, истакнат етномузичар, композитор и педагог, музиколошки експерт кој мајсторски свири на повеќе од 20 народни инструменти, влезе во МАНУ, Пантеонот на Великаните. Веста е значајна за него лично, но и за музичката уметност, која по 20 години наидува на широко отворена врата кон највисоката и најзначајна институција во државата.  […]

Настап на реномирани уметници од Полска и Грција на завршниот концерт на „КЛАРИФЕСТ-Скопје 2026“


Завршниот концерт на 8-от Меѓународен фестивал за кларинети “КЛАРИФЕСТ-Скопје 2026”, ќе се одржи денеска во КИЦ-Скопје (Салон 19:19) од 20 часот. Како што информираат организаторите, Здружението за култура и уметност АРТИСТИКО-Скопје, на концертот ќе настапат реномирани интернационални солисти  на кларинет и басет кларинет Милтос Мумулидес од Грција и Роман Виташек, Богдан Очешак и Павел Краузович […]

Три концерти по повод роденденот на Јохан Себастијан Бах


Младинскиот гудачки квартет „Карпош“ денеска, на Платото пред Млечен ресторан во Скопје, ќе одржи три концерти по повод роденденот на Јохан Себастијан Бах. Концертите се закажани за 10.00, 11.30 и 13.00 часот. Изведени ќе бидат композиции од Бах, од познатиот албум за Ана Магдалена Бах, аранжирани за гудачки квартет.  Овие концерти се дел од светската […]

„МСУ Водич“ со кустосот Бојана Јанева


Музејот на современата уметност (МСУ) денеска напладне, во 12 часот, организира „МСУ Водич“ со кустосот Бојана Јанева која, како што е најавено, последен пат ќе ги прошета посетителите на интернационалната изложба „Истокот е сè уште можен“. Изложбата вклучува содржина наменета за публика над 18 години, а уметници се: Марина Абрамовиќ, Маја Бајевиќ, Гета Братеску, Јозеф […]

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски потпишаа договор за соработка


Во годината кога Драмски театар одбележува 80 години од постоењето и по повод Светскиот ден на театарот, Diners Club објави партнерство кое оди подалеку од класичната бизнис поддршка,  соработка втемелена во почитта кон културното наследство и посветеноста кон луѓето кои го создаваат и го уживаат. За Diners Club, оваа одлука е природен чекор во нивната […]

„Надеж – Светлина низ темнината“ од Ана Митевска пред кочанските љубители на ликовната уметност


 Во салонот „Фоаје 2“  во ЦК „Бели мугри“ во Кочани синоќа е отворена самостојната изложба на Ана Митевска, дела изнедрени во текот на изработката на нејзиниот магистерски труд. Изложбата го носи името „Надеж – Светлина низ темнината“ и се состои од дваесет апстрактни слики преку кои Митева, како што самата вели „артикулира лична, но и […]

Џефри Ерик Џенкинс: Светскиот ден на театарот во 2026 е помалку прослава, а повеќе повик за внимание


Критичарите, често гледани како периферни или опонентни фигури, всушност се централни за екологијата на театарскиот живот. Ние документираме, интерпретираме, историзираме и предизвикуваме. Одржуваме запис за уметничките стремежи кој се спротивставува на бришењето, поедноставувањето и опаѓањето на институционалната меморија, вели Џефри Ерик Џенкинс, претседател на Меѓународната асоцијација на театарски критичари (AICT/IATC), во пораката по повод Светскиот […]

Потпишан Меморандум за културна соработка меѓу загрепскиот Музеј за уметности и занаети и НГ на Македонија


Вчера во македонскиот КИЦ во Загреб беше потпишан Меморандум за културна соработка меѓу Музејот за уметност и занаети во Загреб и Националната галерија на Република Македонија во Скопјe. Договорот го потпишаа директорот на Музејот во Загреб, Сањин Михелиќ, и директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани и програмскиот раководител и виш кустос Маја Крстевска. […]

Ќе се одржи „Отскочна даска #5“ ‒ поетско читање за млади, како преднастан на 6. Скопски поетски фестивал


Во петок, 3 април, од 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе се одржи петтото издание на „Отскочна даска“, преднастан на Скопскиот поетски фестивал, наменет за млади поети. На настанот ќе настапат дванаесетмина млади поети и поетеси на возраст од 16 до 30 години. Имињата на учесниците се: Марија Алексовска, Вероника Димоска, Христијан Илиевски, […]

Недела на франкофонски филм во Кинотека


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите-членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Белгија, Грција, Швајцарија, Франција, Канада, Албанија и Романија) и со Кинотеката, и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 30 март до 4 април 2026 година во Кинотеката на Северна Македонија.  Манифестацијата ќе […]

Април како филмска археологија во Кинотеката


Априлската програма на Кинотека на Македонија претставува внимателно куриран филмски мозаик во кој се преклопуваат историската меморија, авторската естетика и современите општествени дилеми. Овој репертоар не функционира само како календар на проекции, туку како концептуална мапа што го исцртува континуитетот и трансформацијата на македонската и европската кинематографија, од нејзините пионерски чекори до актуелните авторски изрази. […]

Драмски ќе потпише партнерство со „Дајнерс клуб“ и организира крводарителска акција по повод Светскиот ден на театарот


По повод 27 Март – Светскиот ден на театарот, Драмски театар Скопје ќе потпише Договор за покровителство со Дајнерс клуб интернатионал Мак АД Скопје, означувајќи почеток на ново партнерство во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на театарот. Настанот се оценува како значаен чекор во унапредувањето на културната соработка и поддршката на театарската уметност, како и […]

„Мост што звучи“ – нова стихозбирка од Санде Стојчевски


 „Мост што звучи“ е насловена новата стихозбирка на поетот Санде Стојчевски, објавена од Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје во рамките на едицијата „Современа македонска поезија“. Поетската книга содржи 90 песни во четири циклуси: „Гласови“, „Одгласи“, „Кругови“ и „Самодива“ и есеј од Стојчевски насловен „Зрачењето и значењето на зборот“. Во рецензијата […]

Почнува меѓународниот фестивал за кларинети „Кларифест – Скопје 2026“


Од денеска до недела (29 март) ќе се одржува 8. Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест – Скопје 2026“, во организација на Здружението за култура и уметност „Артистико“ од Скопје, на кој годинава ќе има учесници од Полска и од Грција.  Фестивалот ќе почне вечер од 19.30 часот во  Салон 19:19 во КИЦ-Скопје, со концерт на […]