Жирито на Биеналето поднесе колективна оставка поради враќањето на Русите во Венеција

Посетителите сами ќе одлучуваат кој ќе ја освои престижната награда „Златен лав“


Сите членови на меѓународното жири на Венециското биенале  вчера поднесоа оставка во најновата ескалација на повеќемесечниот политички конфликт околу враќањето на Русија на престижниот меѓународен културен настан, воочи отварањето на 9 мај. 

Оставката на сите членови на жирито поради конфликт со Фондацијата на Биеналето и италијанската влада околу прашањето за враќањето на Русија на овој уметнички фестивал се смета за еден од најдрастичните потези досега, според Политико. Во срцето на конфликтот е контроверзната одлука за повторно отворање на рускиот павилјон, кој е затворен откако Русија започна Специјална воена операција во Украина во 2022 година.
Објаснувајќи ја својата оставка, петчленото жири, предводено од бразилската кураторка Соланж Фаркаш, изјави дека нивниот потег е мотивиран од нивното одбивање да соработуваат со „земјите чии лидери во моментов се обвинети за злосторства против човештвото пред Меѓународниот кривичен суд“, со други зборови, Русија и Израел.

Откако објави дека ќе го бојкотира отворањето на Биеналето, италијанскиот министер за култура Алесандро Џулио оваа недела испрати инспектори од министерството да испитаат дали учеството на Русија е „во согласност со постојниот режим на санкции“.

МСУ и Велимир Жерновски го подготвуваат македонскиот проект за Венециското биенале

Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, претходно овој месец објави дека Европската комисија ќе го суспендира финансирањето на Биеналето поради нејзината одлука да биде домаќин на руски уметници на фестивалот во 2026 година.

Директорот на Венециското биленале, Пиетранџело Бутафуко

Сепак, организаторите исто така објавија дека за прв пат ќе им дозволат на посетителите да ги изберат своите омилени уметници од сите изложени уметници, вклучувајќи ги Русија и Израел, и ќе ја префрлат церемонијата на доделување награди на крајот од настанот во ноември, наместо следната недела.

Не беше веднаш јасно кој ќе ги избере победниците на главните награди „Златен и сребрен лав“, или дали делата од Израел и Русија сега повторно ќе бидат во конкуренција.