Ново научно читање на Мисирков: Промоција на монографијата од Ганка Цветанова на 6 април


Новата монографија „Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков: За македонскиот идентитет и за нацијата“ од проф. д-р Ганка Цветанова, ќе биде промовирана на 6 април (понеделник), во 12 часот, во просториите на Музејот на македонската борба за самостојност. За научниот и академскиот придонес на оваа монографија во рамки на историјата и развојот на македонската социологија, […]

Рахмањинов и Лист: Велигденски концерт на Филхармонија на 8 април


Во среда, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи Велигденски концерт на кој ќе биде изведено монументалното вокално-инструментално дело „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов. Диригент е маестро Најден Тодоров (Бугарија), а како солисти ќе настапат Катерина Стојановска, сопран, Исмет Вејсели, тенор, Иван Наумовски, баритон/бас и хорот „ПроАрс“. На програмата е и симфониската поема „Прелудии“ […]

Сценски омаж за Томаж Пандур: „Безгрешна“ на СНГ вечерва во МНТ


Вечерва, во  20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар, гостува Драмата при Словенечкото народно гледалиште од Марибор (СНГ) со монодрамата „Безгрешна“ (Immaculata), сценско остварување инспирирано од романот „Маријиниот завет“ на Колм Тојбин и создадено како омаж на големиот и прерано починат режисер Томаж Пандур. Гостувањето е дел од програмата со која МНТ продолжува со одбележувањето на својот јубилеј – […]

„Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини во НОБ


На сцената на Националната опера и балет, вечер во 20 часот, ќе биде изведена операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – едно од најпознатите и најомилените дела од оперскиот репертоар, кое со својата духовитост, динамика и препознатливи музички моменти со децении ја воодушевува публиката. Изведбата е под диригентската палка на Бисера Чадловска, режијата е на […]

Продуцентката Марија Димитрова избрана за нова претседателка на ДФРМ


На годишното редовно Собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), членовите со мнозинство гласови ја избраа познатата продуцентка Марија Димитрова за нова претседателка на организацијата со мандат од четири години. Во изборниот процес за претседател на ДФРМ се натпреваруваа двaјца кандидати. Покрај Димитрова, противкандидат беше Мартин Иванов, искусен филмски монтажер, кој низ кариерата […]

Овации за словенечкиот „Амадеус“ на Александар Поповски во МНТ: Моцарт е генијален исто како на филм


Публиката, најверојатно, „Амадеус“ повеќе го познава преку филмот на Милош Форман од 1984 година, но текстот на Питер Шафер (1926–2016), повеќекратно наградуван англиски драматург, сценарист и романописец, во себе содржи голема убавина и фалоспев на уметноста воопшто, а особено на музиката и на генијалноста. Но, „Амадеус“ во изведба на Словенечко народно гледалишче Марибор, во режија […]

Гоце Ристовски, член на жирито на Меѓународниот театарски фестивал во Кишињев


Гоце Ристовски, писател, театарски критичар и универзитетски професор ќе биде член на жирито на Меѓународниот театарски фестивал на камерни форми што од 22 до 28 јуни оваа година, по 14-ти пат, ќе се одржи во Кишињев, Молдавија. „Со задоволство ја прифатив поканата од Министерството за култура на Република Молдавија да бидам член на меѓународното жири […]

Светски ден на книжевноста за деца: Објавена нова книга од Стојан Тарапуза


По повод Светскиот ден на книжевноста за деца, „Панили“ ја објави „Јатки од зборови“ – нова книга од бардот на македонската книжевност за деца, Стојан Тарапуза.  Песните што ја сочинуваат „Јатки од зборови“ се создавани спонтано и во подолг временски период. Содржински се разликуваат едни од други, но во однос на пораките што ги сугерира […]

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јовановска


Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје, вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Ништо нормално“ од Симона Јованоска, во издание на издавачката куќа „Или-Или“.  Збирката е објавена во едицијата „ПРОаЗА“ како книга број 246, а низ разговор со авторката ќе ја промовира писателот Иван Шопов.  Според издавачот, […]

Свечено отворен реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто


Свечено беше отворен денес реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто, културен објект во рамките на Општина Гази Баба. „Денешниов настан претставува повеќе од отворање на еден објект, тој е симбол на нов почеток, на обновена енергија и на засилена грижа за културниот живот“, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на денешното […]

Archaeology Magazine објави прилог за неолитските антропоморфни модели на куќи од Македонија


Archaeology Magazine, едно од најчитаните во светот во областа на археологијата, објави прилог за неолитските антропоморфни модели на куќи од Македонија. Центарот за истражување на предисторијата соопшти дека вклучување македонски артефакти во списанието е врвна афирмација за нашето културно наследство. – Во најновиот број на Archaeology Magazine е објавен напис за древните модели на куќи во […]

И историјата на облеката е важна, вели Зорка Тодорова-Младеновиќ


Зад гламурот на модата, стои историја. Сѐ што и да се дизајнира денес како мода, по некое време станува дел од историјата, историскиот развој, односно станува дел од костимографијата. Значи, костимографијата ја изучува историјата на модата, а модниот дизајн ни претставува облека што се препорачува да се носи веднаш по нејзиното појавување.  Ова е вовед […]

„Црна лисица“ – нов том од избраните дела на Блаже Миневски


По повод 65-годишнината од раѓањето на прозаистот и драмски автор Блаже Миневски но и по повод над 40 години од почетоците на неговото творештво, „Матица македонска“ објави нов том од избраните дела на Миневски – романот „Црна лисица“.  Со ова издание“, издавачката куќа го чествува и својот јубилеј, 35-годишнината од основањето.  Романот „Црна лисица“ е седми […]

Разговор со Дејан Дуковски, автор во фокус на МТФ „Војдан Чернодрински“ , на ФДУ


Во рамките на програмата „Автор во фокус“, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и Факултетот за драмски уметности – Скопје ,утревечер, (среда) во 20 часот на сцената на ФДУ, организираат разговор со Дејан Дуковски, еден од најзначајните современи македонски драмски автори и воедно еден од најизведуваните на театарската сцена во Европа и светот. Разговорот […]

Изложбата „…Патувањето на парите“ во КИЦ во Белград како културна дипломатија


Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вчера беше отворена изложбата „Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (XIV–XVII век) – Патувањето на парите“, подготвена од м-р Даниела Николова. На отворањето на изложбата директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров нагласи дека нема поголем предизвик во денешното турбулентно време да се зборува и […]

Американската писателка Сара Пеканен доаѓа во Скопје на 25 април


Издавачката куќа „Арс Ламина“ со големо задоволство го најавува ексклузивното гостување на популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, во Скопје на 25 април. Нејзиното доаѓањe беше најавено денес, во присуство на фанови на писателката, букстраграмџии и јавни личности, на платото пред aрената „Борис Трајковски“, каде што од 23 до 29 април ќе се […]

„Операта на шумските животни“ – детска интерактивна музичка претстава на 4 април во НОБ


На големата сцена на Националната опера и балет, на 4 април во 11 часот, ќе се изведе детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“, наменета за најмладата публика на возраст од 6 до 11 години. Автор на идејата, сценариото, режијата, костимографијата и сценографијата е Десанка Глигоријевиќ. „Операта на шумските животни“ е интерактивна музичко-драмска претстава […]

Ќеиф ми е што со „Амадеус“ се враќам на сцената во МНТ, вели режисерот Александар Поповски


По претставата „Животот на Молиер“, поставена во стариот МНТ во 2012 година и единствена која уште се игра на репертоарот на новиот МНТ, нашиот најтрофеен режисер и актуелен  уметнички директор во Словенечко народно гледалишче од Марибор, Александар Поповски, се враќа на сцената на МНТ со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер. Премиерата е закажана за утре, 1 […]

Објавен конкурсот за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2026 година


Распишан е Конкурс за доделување на државната награда „23 Октомври“ во 2026 година, соопшти Министерство за култура и туризам. Конкурсот ќе трае од  1 до 30 април 2026 година. Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните […]

Изложба на Тања Балаќ „Телото што ја памти тишината“ во МСУ


Во Музеј на современата уметност вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата на уметницата Тања Балаќ, која ќе се претстави со новиот проект „Телото што ја памти тишината“ – мултимедијално дело што ги истражува односите меѓу меморијата, тишината и трауматското искуство. Изложбата е структурирана како просторно и визуелно искуство што се одвива во две […]