ДМП в сабота ќе го одржи редовното годишно Собрание
Друштвото на писателите на Македонија ја информира книжевната и културната јавност дека ќе го одржи редовното годишно Собрание на 30 мај (сабота) во 12 часот, во своето седиште на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје. Како и минатата година, Собранието ќе биде од хибриден карактер, односно активните членови ќе можат да учествуваат со физичко присуство, но и по електронски пат.
Со оглед на тоа што оваа година истекуваат двогодишните мандати на членовите на Управниот одбор на Друштвото, како и првиот двогодишен мандат на претседателот на ДПМ, ова воедно ќе биде и редовно изборно Собрание. Секој активен член со најмалку петгодишно членство, најдоцна до 15 мај 2026 г. може да поднесе кандидатура и програма за претседател на Друштвото, праќајќи ја на електронската адреса [email protected], додека членовите на Управниот одбор ќе бидат предлагани и бирани на самото Собрание. Оваа година ДПМ за првпат ќе одржи хибридни избори за претседател и за Управен одбор, односно ќе се гласа со физичко присуство, но и по електронски пат.
На денот на Собранието вратите на ДПМ ќе бидат отворени и за медиумите, кои се поканети да присуствуваат, да учествуваат и да информираат за неговата работа.