Работилница за креативно пиштување проза во КИЦ
Во Културно информативниот центар – Скопје денеска ќе биде одржана „Работилница по креативно пишување проза“, наменета за ученици од средните училишта кои имаат интерес за пишување и сакаат да го развијат својот креативен потенцијал.
Работилницата ќе ја водат писателите Петар Андоновски и Фросина Пармаковска, кои преку практична работа и насочени вежби ќе ги запознаат учесниците со основите и техниките на прозното пишување. Настанот е осмислен како интерактивен процес што ќе им овозможи на младите да експериментираат со сопствениот израз и да ги унапредат своите вештини.
Активностите ќе се одвиваат во форма на блок часови, со кратка пауза помеѓу двата дела. На самиот крај, сите учесници ќе добијат дипломи за учеството.
Работилницата претставува можност за младите љубители на литературата да се вклучат во креативниот процес и да добијат поддршка од веќе етаблирани автори. Проектот е целосно поддржан од Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје.