Велигденски концерт на Македонската филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер во 20 часот ќе одржи Велигденски концерт на кој ќе биде изведено монументалното вокално-инструментално дело „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов. Диригент е маестро Најден Тодоров (Бугарија), а како солисти ќе настапат Катерина Стојановска, сопран, Исмет Вејсели, тенор, Иван Наумовски, баритон/бас и хорот „ПроАрс“. На програмата е и симфониската поема „Прелудии“ од […]

Кустос од Националната галерија е нов директор на Музејот на Македонија


Од 1 април, Александар Ристевски е нов директор на Музејот на Македонија, соопшти националната установа. Ристевски доаѓа на местото на досегашниот в. д. директор Пано Серафимов, кој e од редот на вработените. Ристевски е избран на конкурсот кој го распиша Министерството за култура и туризам во февруари. Тој доаѓа од Националната галерија на Македонија во […]

Тимовите задолжени за „Скопје европска престолнина на културата 2028“ работат интензивно, уверува Ѓорѓиевски


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, одговарајќи на советничко прашање, нагласи дека тимовите задолжени околу организацијата на „Скопје европска престолнина на културата 2028“ работат интензивно со подготовките. -Дополнително, интензивно тимовите кои се задолжени таму работат околу координацијата и подготовките. Ни следи процес во кој ќе има и ребрендирање на започнување на нашиот главен град, на […]

Трилерот „Малдорор“ ја заокружува регионалната турнеја со три проекции во Кинотека


Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на […]

Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член Ивица Џепароски на 15 април во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите кани на пристапно предавање на новoизбраниот дописен член на академијата, проф.д-р Ивица (Иван) Џепароски, на тема „Уметноста и институционалната теорија на уметноста“.  Предавањето ќе се одржи во амфитетатарот на МАНУ, на 15 април, во 12 часот. Пригодна реч ќе одржи акад. Влада Урошевиќ.

Изложба „H.O.P.E. – Harmonies of Presence & Empathy“ на Илина Арсова во КИЦ Истанбул


Во Македонскиот културен центар во Истанбул вечер ќе биде отворена изложбата „H.O.P.E. – Harmonies of Presence & Empathy“ на македонската уметница Илина Арсова. -Изложбата претставува визуелно истражување на концептот на хармонија како состојба на рамнотежа, емпатија и заедништво. Во контекст на современите урбани средини, какви што се Скопје и Истанбул, обележани со неизвесност и динамични […]

Студентската изложба „Дисторзии“ во МКЦ


Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена студентската тематска изложба „Дисторзии“ која ќе биде отворена за посетители до 19 април годинава. Како што соопштуваат организаторите, изложбата претставува обид за внимателно и критичко разгледување на системската дисторзија како општествен и институционален феномен што директно влијае врз обликувањето на младинската креативност и начинот на кој младите […]

Африкански џез достоен за јубилејот: Соопштена програмата на ОФФест 2026


Со одличен избор, достоен за јубилејот и богатата историја на фестивалот,  ја споделуваме програмата на ОФФест 2026, соопштија организаторите. Со престижни учесници од вкупно 15 земји, во најголемиот број африкански. Следејќи ја убавата традиција, во прудружната програма на ОФФест ќе биде прикажан и култниот бразилски документарниот филм „ELIS & TOM“. Првите три фестивалски вечери ќе […]

Второ признание за Никола Ристановски во Србија за улогата во „Уна“


На втората вечер од 30-годишнината од Фестивалот на глума „Миливое Живановиќ“ во Пожаревац, наградата за најдобар актер на вечерта му припадна на Никола Ристановски за улогата на професорот Мишел Бабиќ во претставата „Уна“, на театарот Звездара. Стручното жири и жирито на публиката беа едногласни во својата проценка дека Ристановски треба да биде лауреат на втората […]

Кинотеката на Македонија одбележува полувековен јубилеј


Половина век постоење годинава одбележува Кинотеката на Македонија, формирана како институција од посебен интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од особено уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење. Официјално почнува да работи во 1976 година, две години подоцна од усвојувањето на  Законот за формирање […]

Почина Јасмина Зисовска, една од најистакнатите активисти за заштита на манастирот во Матејче


Почина Јасмина Зисовска-Зис, историчарка на уметност од Куманово, една од најистакнатите кумановки која со децении алармираше за исклучително лошата состојба за манастирот во Матејче. Нејзините колеги од Македонија се простуваат со неа, укажувајќи дека остави неизбришлива трага во зачувувањето на сакралните објекти. Зисовска е родена на 28 февруари 1959 година во Куманово каде завршува основно […]

МНТ со „Народен пратеник“ гостува на фестивали во Велес и во Пожаревац


Претставата „Народен пратеник“, по текст на комедиографот Бранислав Нушиќ и во режија на Егон Савин, на 6 април ќе гостува на 5. издание на фестивалот „5-РЕ“ во Велес. Веднаш потоа, ансамблот заминува за Србија, каде на 8 април ќе настапи на јубилејното 30. издание на фестивалот Актерски свечености – „Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац, кој годинава се одржува од 3 […]

Претставување на монографијата за Крсте Петков Мисирков од Ганка Цветанова


„Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков: за македонскиот идентитет и за нацијата“ е насловот на монографијата од проф. д-р Ганка Цветанова, издание на „Арс ламина“, која ќе биде промовирана деенска напладне во Музејот на македонската борба за самостојност. Издавачката куќа информира дека монографијата претставува теориско преиспитување на делото на Мисирков, со настојување да се нагласат […]

Почина големиот уметник Родољуб Анастасов


Родољуб Анастасов, доајенот на македонското сликарство и професор од првата генерација професори на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ), почина вчера во Скопје, објави денеска Фондацијата посветена на делото на уметникот. Имаше 91 година. „Вчера почина големиот професор, сликар и бескраен трагач по одговорите за човекот, времето и просторот – Родољуб Анастасов“, објави Фондацијата. Анастасов бил […]

Љутков се лути: Синдикатот пласирал неточни информации за да му наштети


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, излезе со реакција околу обвинувањата на Синдикатот за култура порачувајќи дека пласира неточни информации за да му нанесе политичка штета. „Раководството на Синдикатот за култура (СКРМ) веќе подолг период свесно и тенденциозно пласира неточни информации во јавноста, со јасна намера да создаде погрешна слика дека јас, како министер […]

Монодрамата „Безгрешна“ на СНГ од Марибор беше совршенство на сцена (галерија)


Публика само во партер, сцена замислена како бела кутија или дом, одвреме на време во фон се слуша преубава музика како „од оној свет“,  и во центарот е жената, убава, облечена како по последна мода во црн фустан и сако, со мала чантичка, и во црни лакирани салонки. Косата собрана во пунџа, а при крајот […]

„Другата страна“ на Црногорско народно позориште го заокружува јубилејот на МНТ


Со вечерашното гостување на Црногорско народно позориште од Подгорица и претставата „Другата страна“ на сцената на МНТ од 20 часот ќе биде заокружено  роденденското одбележување на 81 година од постоењето на Македонскиот народен театар. Режисер на претставата е Борис Лијешевиќ. Драматургијата е на Стела Мишковиќ и Стефан Бошковиќ. Улогите ги играат: Александар Радуловиќ, Лазар Ѓурѓевиќ, Кристина Обрадовиќ, Зоран Вујовиќ, Сања Вујисиќ, Тихана Ќулафиќ, Жана […]

Љутков од Лешок: Во јуни завршува обновата на стариот конак


„Стариот конак во Лешочкиот манастир ќе биде целосно завршен до крајот на јуни, со што овој значаен духовен комплекс добива обновен и достоен изглед“, истакна министерот Зоран Љутков при денешната работна посета на Лешочкиот манастир.  За време на посетата, министерот Љутков беше придружуван од митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф, директорот на Националниот конзерваторски центар, […]

Филмот „17“ со нови меѓународни фестивалски проекции во април


По светската премиера на овогодинешното Берлинале, долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ го продолжува својот фестивалски живот со учество на три меѓународни филмски фестивали во првата половина на април. На 8 април филмот ќе има премиерни проекции на 50. Интернационален филмски фестивал во Хонг Конг (Hong Kong International Film Festival) и на […]

Промоција на романот „Немам страв“ од Трајче Стамески на 7 април во Салон 19,19


Културно информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани  на  промоција на романот  „Немам страв “ од Трајче Стамески, во издание на издавачката куќа „ПАНИЛИ“, на 7. април 2026 год. во 19:19 часот  во Салон 19:19. Промотори и разговор со авторот: Венко Андоновски и Весна Мојсова-Чепишевска Извадоци од романот ќе читаат :студенти од Филолошки факултет„Блаже Конески“ – Скопје Модератор: Ана Љубиќ […]