Концерт на млади виолинисти во Струмица


Фестивалот на млади виолинисти „Виолин фест“ и оваа година продолжува да биде место каде талентот станува уметност и каде младите виртуози ја слават музиката. Започнувајќи ја својата мисија со работилница и презентација во музичкото училиште во Прилеп, продолжува денеска со концерт во музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица, каде ќе блеснат 17 виолинисти – ученици во музичките училишта од Штип, Струмица, Гевгелија, Неготино, Кочани, соопштија од Македонската филхармонија.

– Завршниот концерт што има меѓународен карактер, ќе се одржи на 12 јуни во Скопје. „Виолин фест“ е и секогаш ќе биде место што ги обединува младите музичари од различни средини, создавајќи уникатна можност за афирмација на новите генерации на уметници – информираа од Македонската филхармонија.

Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија.