„TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ — VOL.10“ поради времето се сели во Филхармонија
Националниот џез оркестар годинава по десетти пат во Скопје го организира фестивалот „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“, по повод Меѓународниот ден на џезот.
Меѓународниот ден на џезот е прогласен од UNESCO во 2011 година, по иницијатива на Херби Хенкок, и се одбележува во повеќе од 190 земји.
Настанот е поддржан од Халкбанк АД Скопје и СКОПСКО. Влезот е слободен.