Националниот џез оркестар со „Македонски сновиденија“ ќе настапи во Брисел


Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар денеска ќе настапи во културниот центар „BOZAR“ во Брисел, со програмата „Македонски сновиденија“.

Како што соопшти НЏО, концертот е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, чија цел е да ја афирмира македонската уметност и култура пред европската публика. Манифестацијата е организирана и поддржана од Министерството за култура и туризам.

За проектот „Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) НЏО наведува дека е „уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез“.

-Вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја носи на сцената на културниот центар „BOZAR“, претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст. Диригент на концертот е маестро Владимир Николов, наведува Националниот џез оркестар во сопштение.