Танц Фест 2026 завршува со „Будење“ на 5 мај во Битола


Фото. Б. Грданоски

На 5 мај, во 20 часот, во Народниот театар во Битола ќе се затвори овогодинешното издание на интернационалниот фестивал Танц Фест 2026, со претставата „Будење“ на короеграфката Рисима Рисимкин, моќна изведба во која настапуваат триесет танчери. Влезот за претставата е бесплатен.

Пред претставата ќе биде доделена Специјалната награда МЕНАДА за поддршка на развојот на современиот танц на Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Фото. Б. Грданоски

Како завршен настан на Танц Фест 2026, оваа изведба го означува новото поглавје на фестивалот — со излегување надвор од Скопје и отворање кон нови простори и публики.

„Будење“ носи силна сценска енергија и колективно искуство што ги поврзува личното и општественото. Претставата ги истражува меѓучовечките односи, стереотипите и динамиката помеѓу индивидуалниот и колективниот идентитет. Претставата се занимава со воспоставените форми на однесување и нивната деконструкција, отворајќи простор за преиспитување на општествените норми и личните позиции во нив. Телото станува медиум преку кој се изразуваат емоции, конфликти и трансформации. „Будење“ е процес — патување низ личните и колективните слоеви на идентитетот, каде што секој танчер носи сопствена приказна, која се претопува во заедничко сценско искуство. Претставата кулминира како силно, емотивно и визуелно финалe на фестивалот.

Музиката  за претставата е на композиторот Тони Китановски, ксотимите на Благој Мицевски, а сценскиот дизајн на Матеа Мијановиќ. Настапуваат:  Адријана Данчевска Ровчанин, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Сара Димовска, Нина Петрушевска, Лука Ѓорѓиевски, Давор Милев, Михаела Колцунова, Теона Ѓуревска, Надја Луканова, Ивона Манасиевска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Марија Андовска, Мила Ангелова, Аника Андоновска, Анеса Бектеш, Нина Ташкова, Ејул Јилмазчобан, Јана Ѓоршовска, Моника Ѓоргиева, Теона Голчева, Ивана Ралев, Евгенија Павловиќ, Евгенија Симоновска, Небеска Шумковска, Теона Димитриевска, Кристина Петрова, Кристина Коцевска, Мила Атанасова, Ана Митревска.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам, Општина Битола, како и партнерите и покровители на фестивалот: Виталија, Божиновски часовници и накит & Божиновски Фондација, Државна видеолотарија на Македонија, Бовин, Витамини.мк, Делфино мобилити груп со GeelyLynk & Co и Sixt., Yeppeuda, СИД Камп