Коневски, Божиновски и владиката Агатангел нема да сведочат за „Насилство пред Општина Центар“


Судот ги отфрли како неосновани барањата на одбраната на судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, да бидат сослушани како сведоци повеќе лица, меѓу кои и Ивица Коневски, Кирил Божиновски и владиката Агатангел. Судијата Душко Јосифовски рече дека барањата за дел од материјалните докази се прифатливи, додека денеска изнесените барањата за сведоци […]

Во фабрика во Куманово почина 22-годишен работник од Скопје


Во средата, во 14.30 часот било пријавено дека во производствен погон во фабрика во Куманово, А.Д.(22) од Скопје, додека извршувал работни задачи, паднал и од здобиените повреди починал на местото. Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна […]

Јанакиески бара владиката Агатангел да сведочи за „насилствата во Центар“


Денеска се очекуваше случајот за „насилствата во Центар“ да продолжи со завршни зборовина обвинетите, но одбраната побара дополнување на доказната постапка на судењето. Притоа обвинетиот Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски во владата на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека смета оти за случајот треба да сведочи владиката Агатангел кој јавно повикувал на протести за изградбата […]

Зголемена затворската казна за убиецот на Никола Христовски во Ново Лисиче


Апелациониот суд во Скопје ја прифати жалбата на обвинителството и ја зголеми за една година затворската казна на скопјанецот А.Т.(18), кој беше осуден на три години за убиството на Никола Христовски (17) на 14 август лани во во Ново Лисиче, пишува 24 Инфо. Првостпената пресуда предизвика големо незадоволство во јавноста, иако судот донесе одлука во […]

Продолжува судењето за насилствата пред Општина Центар


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година. Претходното рочиште на 17 август, судењето беше одложено поради промена на адвокатот на еден од обвинетите, кој побара судот да оствари простор да се запознае со предметот. Процесот го води судијата Душан Јосифов, а застапници […]

Почина 22-годишен маж во фабрика во Куманово


Маж (22) починал во фабрика во Куманово, потврди денеска СВР Куманово. Во 14:40, лекар од итна помош Куманово пријавила во СВР Куманово дека има починато лице во фабрика „11 Октoмври“. Од кумановската полиција соопштија дека станува збор за А.Д. (1998). Увидот на СВР Куманово, јавен обвинител и трудов инспектор сѐ уште трае.

Фатен тик-токерот што лажно се јавуваше во брзата помош


Полициската станица Центар го расчисти случајот со лажното јавување во Итна медицинска помош, кој беше сниман и објавен на апликацијата Тик Ток на 13.09.2020, а беше споделен и на други социјални мрежи и против Х.К.(25) од с.Јурумлери, скопско, ќе поднесе соодветна пријава.  По објавувањето на видеото на апликацијата Тик Ток и други социјални мрежи, беа […]

Обвинителството проверува портали преку кои енормно се рекламирала ВМРО-ДПМНЕ на изборите


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи изутринава спроведе координирана акција при што е одземена документација од три фирми за кои постои основано сооменение дека во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање. Од ОЈО информираат дека […]

Приведен гостиварец што плаќал со фалсификувани евра


Гостиварската полиција привела лице за кое постои сомнение дека во повеќе наврати плаќал со банкноти од фалсификувани евра. Според СВР Тетово, вчера околу 10 часот и 40 минути, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.С.(54) од гостиварско Чегране. За него постојат основи на сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување […]

Приведен крадец од Прилеп што крадел во Скопје


Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(35) и М.Р.(25), двајцата од Прилеп, осомничени дека сториле кривично дело „тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 560.000 денари. Пријавените, на 02.09.2020 околу 13.30 часот во стан на ул.„Манапо“ во Скопје, информираа […]

Скопјанец осомничен за две разбојништва, Обвинителство бара притвор


Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило две кривични дела „разбојништво“, информираат од ОЈО Скопје. – Осомничениот 38-годишен скопјанец, на 10 септември, влегол во аптека на улица „Васил Главинов“ во Скопје и на вработената и се заканил со нож, барајќи да му ги даде парите од дневниот промет. Потоа […]

Приведени тројца жители на Теарце за напад врз малолетник од Пршовце


Три лица на возраст од 18 и 19 години од тетовско Теарце се приведени ноќеска откако се пријавени во тетовската полиција дека нападнале и повредиле малолетник, како и уште едно лице кое се обидувало да ги раздвои. Нападот се случил вчера околу 16.30 часот во авто-перална во Пршовце. – Вчера во 21 часот и 30 […]

Едно лице загина во сообраќајка на излезот од Гевгелија


Утрово,околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби педесет годишниот З.Д. од Скопје кој управувал патничко моторно возило „мини Морис“ со бугарски регистарски ознаки. До несреќата дошло откако возилото излетало од патот, поточно од мостот на излезот од булеварот и удрило во лимени […]

Засилени сообраќајни контроли во Скопје: Изречени 514 санкции


Министерството за внатрешни работи од вчера почна со спроведување на засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, во Скопје, но и на територијата на целата држава, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.  „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за […]

Разбојништво во аптека на бул. „Климент Охридски“, приведен сторителот


Триесет и осум годишен маж попладнево извршил разбојништво во аптека на бул. Климент Охридски, кој го приведе полицијата од ПС Центар. -Полициски службеници од ПС Центар попладнево приведоа маж Ф.Л. (1982) кој околу 16.30 минути извршил разбојништво во аптека на бул. Климент Охридски. Тој со закана со нож од вработената одзел околу 6.000 денари и […]

Одложено рочиштето „Катица против Боки 13“


Одложено судењето „Катица Јанева против Бојан Јовановски“ поради хируршкиот зафат врз Боки 13. Следното ќе биде закажано кога тој ќе биде пуштен од болница. Тужбата е поради фотографијата која беше презентирана како доказ во предметот „Рекет“ по вештачењето на мобилниот телефон на Боки-13 во истиот предмет, на која се гледа Јанева со пари, а која […]

Притвор за четворица дилери на дрога од гостиварско


Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица, жители на гостиварски села на возраст од 32, 24, 19 и 20 години, осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и супстанци. На предлог на обвинителството, Судот на четворицата им определил мерка притвор од 30 дена, поради опасност од бегство. – Четворицата […]

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Горан Грујевски инсистирал да се формира Комисија за поништење на опрема од УБК


После секоја интервенција во системи за следење на комуникациите во УБК, инженерите за поддршка од Ериксон Телеком, сочинувале записи, но содржината не ја пополнувала заради тајност. Ова денеска го истакна сведокот Зоран Стоилковски, на рочиштето за „Тврдина-Таргет”, каде појасни дека како инженер за поддршка во ЛИИМС системите, немал директен пристап до наведите системи, како што […]

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен


Во Кривичен суд денеска треба да се одржи рочиште за предмет во кој поранешната специјална обвинителка Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски – Боки 13 за нелегално снимање. Тужбата е поради фотографијата која беше презентирана како доказ во предметот „Рекет“ по вештачењето на мобилниот телефон на Боки-13 во истиот предмет, на која се гледа Јанева […]

Ново рочиште за „Тврдина-Таргет“


Во Кривичниот суд Скопје, денеска е предвидено да се одржи ново рочиште за случајот „Тврдина-Таргет“. Овој судски предмет е во фаза на доказна постапка, односно се презентират сведоци предложени од обвинителството. Досега искази пред судот имаат дадено многу сведоци, меѓу кој и Зоран Заев, како премиер. Во следните рочишта за овој случај се очекува да […]