Младо момче од Свети Николе удрено со автомобил во Скопје


Во петокот во 21 часот на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано К.Н.(30) од Скопје, удрило во пешакот Д.К.(24) од Свети Николе. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Прегазена 46-годишна жена на регионалниот пат кај Кадрифаково


Четириест и шестгодишна самохрана мајка С.С. од светиниколското село Кадрифаково утрово загина кога го преминувала регионалниот пат Штип – Свети Николе, откако во близина ја оставил автобусот со кој се вратила од трета смена во штипска фабрика. Во обид да го премине патот, била прегазена од возило што се движело од спротивниот правец. Како последица […]

Во 59 полициски акции во Струшко запленети стотици кубици дрва


Стотици метри кубни нелегално исечени дрва запленила полицијата при редовни контроли во Струшкиот регион во изминатите девет месеци. Покрај дрвата, полицијата запленила и моторни возила со кои се пренесувале, а поднесени се 11 кривични пријави против сторители на нелегална сеча на шуми и нелегална трговија со дрва. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека […]

Маричиќ: Грчките власти не можат да ги лоцираат Грујевски и Бошковски


Министерството за правда во повеќе наврати ургирало до грчките власти да добие одговор за екстрадицијата на поранешните вработени во УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски, но оттаму добивале одговор дека не можат сè уште да ги лоцираат, рече министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. – Во повеќе наврати беше […]

Талат Џафери за „27 Април“ – претседателот немаше техничка можност да исклучи пратеник од говорница


Талат Џафери на 27 април 2017 година имал смртен случај во семејството, починал брат му и повремено доаѓал на седницата на Собранието и затоа немал лично сознание дали 31 пратеник доставиле писмо до претседавачот Трајко Вељаноски со барање седницата да продолжи и по истекот на нејзиното вообичаено времетраење. Џафери кој денеска во Киривниот суд сведочеше […]

Талат Џафери ќе сведочи за „27 април”


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска дојде во Кривичниот суд за да сведочи на рочиштето за „Организаторите на 27 април”. Сведочењето на Џафери првично беше предвидено за 18 септември, но поради негови работни обврски беше одложено за денеска. Претседателот на судечкиот совет, судијата Илија Трпков најави дека денеска ќе биде сослушан само Џафери заради обврски […]

Приговорите на обвинетите од случајот „Моќник“ се одбиени


Советот за оценка на обвинителениот акт поднесен од Основно јавно обвинителство, а во јавноста познат како „Моќник“ против 13 лица вклучувајќи ги и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и татко му, донесе решение со кое приговорите на обвинетите се одбиваат како неосновани, соопштија од Кривичен суд. „Предметот кој е оформен по одобрениот обвинителниот акт согласно […]

Приведени седум дилери, запленето оружје, лабараторија за дрога, хероин и марихуана


Во полициски акции против недозволена трговија со дрога и оружје, вчера се запленети осум парчиња оружје, како и лабараторија за дрога, хероин и марихуана. Приведени се седум лица, соопшти МВР. При претрес во домови и помошни простории  во с. Којково- кратовско и во с. Злетово пронајдени се три карабини, четири ловечки пушки, една малокалибарска пушка, […]

Почина струшкиот јавен обвинител Неделкоски


– Денеска во Струга, на 65-годишна возраст почина Никола Неделкоски, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Струга. Никола Неделкоски беше роден на 14 декември 1954 година во с.Љабуништа, Струга. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година. На 26 март1997 година е избран за заменик на основниот јавен обвинител во Струга. Во текот на своето […]

Под истрага 13 лица за даночно затајување, за пет лица предложени мерки на претпазливост


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кривични дела даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластување. Имено, за две лица истрага е поведена за кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, петмина се осомничени за […]

Го оштетиле Буџетот еден милион евра – кривични пријави за 20 физички и 15 правни лица


Против 20 физички и 15 правни лица се поднесени кривични пријава од страна на Управата за финансиска полиција во кординација со Основното јавно обвинителство Скопје за сторени кривични дела „даночно затајување“, „соизвршителство“,„злоупотреба на службената положба и овластување“ и „помагање“. Според пријавите, тие го оштетиле Буџетот по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка […]

Дуковски: Здравствената состојба на Бојан Јовановски не се подобрува


Здравствената состојба на Бојан Јовановски-Боки 13, обвинет во случајот „Меѓународен сојуз“ не се подобрува, туку се влошува, истакна неговиот бранител адвокат Сашо Дуковски. Тој по одлуката да се одложи денешното рочиште, пред новинарите истакна дека раната на неговиот клиент не му зараснува. – Се работи за керотизирано ткиво, односно зацврстено ткиво кое што секое т.н. […]

,,Меѓународен сојуз” се одложи по трет пат, Боки 13 на болничко лекување


Судењето за предметот „Меѓународен сојуз”  денеска се одложи по трет пат. Здравствената состојба на обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, кој во моментот е на болничко лекување е причина за одложување на рочиштето. Судијката Софче Гаврилова-Ефремова посочи дека добиле известување од КПУ-Скопје за обвинетиот Јовановски дека е на болничко лекување. На почеток на месец септември обвинетиот Јовановски, […]

(Видео) Без сопирачки возеле автобуси во јавниот сообраќај, 15 исклучени од употреба


Министерството за внатрешни работи во понеделникот во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје  санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Санкционирани се 15 возила , од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а […]

Одложено рочиштето за ,,Ласкарци”, случајот во доказна постапка


Боледувањето на еден од судиите во случајот ,,Ласкарци”, го одложи денешното рочиште за овој предмет. Следната главна расправа е закажена за 15 октомври. Адвокатот Дељо Кадиев, кој е дел од одбраната за овој случај за МИА, изјави дека се работи за голем предмет и заради тие уште трае судењето. – Обвинителството заврши со презентациј на […]

Во сообраќајка кај Струмица тројца повредени


Три лица се повредени во сообраќајка, која се случи синоќа околу 18:30 часот, на влезот во селото Муртино на регионалниот пат од ова село кон селото Робово. Настанот го потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека во незгодата учествувале трактор и автомобил „мерцедес“ со струмички регистарски таблички. Повредени се возачот и сопатник од […]

Ново рочиште за случајот „Титаник“


За случајот „Титаник” во Кривичниот суд Скопје, денеска е предвидено да се одржи ново рочиште. Судењето за овој предмет е уште во фаза на доказна постапка и на  претходните главни расправи главно се сослушуваа сведоци на Обвинителството. Обвинителниот акт инициран од поранешното Специјано јавно обвинителство, за овој предмет за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, сомничи 20 […]

Пресудата за случајот „Рускоска против ВМРО-ДПМНЕ“ на 13 октомври


Граѓанскиот суд Скопје на 13 октомври ќе објави дали во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ, против обвинителката Вилма Рускоска, имало клевета или критичка мисла. Адвокатите на странките со спротивставени ставови во однос на тоа дали изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ, биле за нарушување на угледот на обвинителката Рускоска, или пак тоа спаѓа во категоријата на слобода на говор. […]

Приведен управителот на барот „Мош“, вчера инспекторатот спровел 100 контроли


Денеска околу 00:30 часот од страна на полициски службеници приведено е лицето М.Д. (41) од Скопје, кое е задржано во ПС Центар. Лицето е приведено поради постоење основано сомнение дека, како одговорно лице, управител на ланч бар „Мош“ (улица „Дебарца“ во Скопје), сторил кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија- казниво […]

Акција „Бегалец“ на МВР: Приведени 59 лица за две седмици за затворски казни до десет години


Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција „Бегалец“ презема интензивни мерки за пронаоѓање и приведување лица кои се предмет на потрага, односно се бараат за издржување затворска казна од казнено поправните институции во земјава, изјави денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски. -Од досега преземените активности во периодот од 15.09 до 01.10.2020 на територијата […]