Почина струшкиот јавен обвинител Неделкоски

– Денеска во Струга, на 65-годишна возраст почина Никола Неделкоски, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Струга.

Никола Неделкоски беше роден на 14 декември 1954 година во с.Љабуништа, Струга. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година. На 26 март1997 година е избран за заменик на основниот јавен обвинител во Струга. Во текот на своето работење како јавен обвинител, тој даде значаен придонес кон унапредувањето на обвинителската фела.

Од Јавното обвинителство изразија жалење и наведоа дека загубиле професионалец и голем пријател.