Младо момче од Свети Николе удрено со автомобил во Скопје


Во петокот во 21 часот на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано К.Н.(30) од Скопје, удрило во пешакот Д.К.(24) од Свети Николе.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.