Приведен маж од Гостиварско што треба да лежи во затвор шест години


Денеска, полициски службеници од Одделението за крим полиција го приведоа С.А. (34) од с.Ломница.

Тој со наредба од Основниот суд Гостивар се барал за издржување на казна затвор во траење од шест години, а во врска со чл,123 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.