Јанкуловска донесена на суд со лисици на рацете


Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, од затворот во Идризово, каде што се наоѓа веќе два дена, беше доведена на судското рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ со лисици на рацете.

Таа е веќе осудена на четири години затворска казна во предметот „Тенк“ за злоупотреба на службена положба поради незаконска набавка на владиниот мерцедес во вредност од 600.000 евра.

Покрај веќе донесената пресуда за случајот „Тенк“, против Гордана Јанкулоска СЈО има поднесено уште два предмета, за масовното прислушување, „Таргет-Тврдина“ и за изборните нерегуларности, случајот „Титаник“.