Во тешка сообраќајка на патот Штип-Виница загинаа двајца


Ноќеска, десет минути по полноќ се случи тешка сообраќајна несреќа, во која животот го загубија две лица.

Имено,  на магистралниот пат А3, на делницата од Штип до Виничка крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес Е270“ со винички регистарски ознаки управувано од В.И.(49) од с.Истибања, виничко и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки управувано од Г.И.(48) од Штип, во кое како сопатник се превезувал Б.З.(39) од с.Г.Подлог, кочанско.

Во незгодата починале возачот на патничко моторно возило „мерцедес Е270“, В.И. и сопатникот во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ Б.З., а во Општата болница Кочани била констатирана смрт, додека возачот на патничко моторно возило „фолксваген пасат“ Г.И. бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Виница.