Продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“

Фото: Б.Грданоски

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за аферата за прислушувањето, познат во јавноста како „Таргет-Тврдина“.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци, предложени од обвинителството.

На претходното рочиште свои искази дадоа неколку сведоци, меѓу кои политичари и новинари, кои зборуваа за тоа како и кога дознале дека биле цел на нелегално следење на комуникациите.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, додека обвинението е застапено од обвнителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.

Судењето по предметот „Таргет-тврдина“ е започнато на 22 декември 2017 година.