Турски државјанин со мобилен телефон украл 11.000 евра


Секторот за односи со јавност при СВР-Битола информира дека во текот на вчерашниот ден, Х.Д. од Република Турција, со привремено живеалиште во Битола пријавил дека на 23.септември лицето Н.О., исто така, турски државјанин со привремен престој во Битола ја искористил неговата невнимателност и од неговиот мобилен телефон електронски од негова сметка префрлил 11.000 евра на своја сметка.

За неовластено навлегување во компјутерски систем бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.