Кај велешко Ветерско пронајден мртов жител на село Ржаничино по кој се трагало од 2. јуни


Како што информираат од СВР Велес на 6 август во атар село Ветерско, велешко  бил пронајден починат  65-годишниот М.Г. од село Ржаничино – Петровец, кој бил пријавен како исчезнат на 2 јуни годинава. Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, бил извршен увид на местото на настанот. По наредба на јавен обвинител телото …

Кај велешко Ветерско пронајден мртов жител на село Ржаничино по кој се трагало од 2. јуни Read More »

Продолжува судењето за актерката Силвија Стојановска


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ, обвинети за производство и пуштање во промет наркотични дроги. Според обвинението, Стојановска и Будисавјевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. -Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули …

Продолжува судењето за актерката Силвија Стојановска Read More »

ЈО ќе поднесе жалба по условната казна за сообраќајката кај Млечен


Основното јавно обвинителство ќе вложи жалба до Апелациониот суд Скопје, по приемот на пресудата по предметот за сообраќајната несреќа со смртни последици кај Млечен ресторан за која е изречена условна казна. Во јавноста изминатите неколку дена се отвори голема дебата, откако судијката Елена Илиевска Јосифовиќ од Основниот кривичен суд Скопје на 4 септември годинава, изрече …

ЈО ќе поднесе жалба по условната казна за сообраќајката кај Млечен Read More »

Дедо ја прегазил внуката со трактор во Радовишко


Шеснаесетгодишна малолетничка од радовишкото село Габревци вчера била прегазена од тракторска полуприколка откако паднала од тракторот, соопшти полицијата. Според Хризантема Рендевска, портпаролка на СВР-Струмица, тракторот го управувал нејзиниот дедо Ѓ.А. (60) од истото село. -Малолетничката паднала и била прегазена од полуприколката по што веднаш починала, соопшти Рендевска. На местото на несреќата увид извршил јавен обвинител …

Дедо ја прегазил внуката со трактор во Радовишко Read More »

Во превртено возило кај Прилеп загина 21-годишна девојка, друга е тешко повредена


  Утрово во 6 часот во Полициска станица Прилеп, било пријавено дека на пат за село Селце, прилепско, има превртено патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од Е.С.(21) од Прилеп, која починала на местото на настанот. Со тешки телесни повреди се здобила С.А.(21) од Прилеп, која со возило на итна медицинска …

Во превртено возило кај Прилеп загина 21-годишна девојка, друга е тешко повредена Read More »

Приведени пет лица од Арачиново и Неготино кои препродавале кокаин


Приведени се пет лица припадници на криминална група за набавка и дистрибуција на кокаин, во полициска акција вчера на повеќе локации во Скопје и во други градови во државата. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес-конференција соопшти дека полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за недозволена трговија со …

Приведени пет лица од Арачиново и Неготино кои препродавале кокаин Read More »

„Сваровски“ судијка го ослободи возачот што прегази татко и неродено бебе


Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, која од вчера е на удар од јавноста поради досудената условна казна за тетовскиот бизнисмен кој со џип прегази сопружници пред две години кај „Млечен ресторан“ во Скопје, при што загина сопругот и нероденото бебе, стана позната кога го одби барањето на СЈО за одземање на пасошот на поранешниот шеф на тајната …

„Сваровски“ судијка го ослободи возачот што прегази татко и неродено бебе Read More »

Запалени две возила, потпалувачот пукал кон таткото на сопственикот на автомобилите


Околу четири часот утрово во скопската полиција било пријавено дека на улицата „Христофер Жефаровиќ“ биле опожарени автомобил „фолксваген пајтон“ со скопска регистрација и „фолксваген туарег“ со светиниколска регистрација, и двата во сопственост на 28-годишниот И.Ф. од Скопје. Таткото на сопственикот на возилата С.Ф.(54) се обидел да го фати лицето за кое се сомнева дека ги …

Запалени две возила, потпалувачот пукал кон таткото на сопственикот на автомобилите Read More »

Кај кратовското село Филиповци пронајдена почината 36-годишна жена


Жител на кратовското село Филиповци пронашол тело на жена во атарот на селото додека ја напасувал стоката, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Живкица Чавдаревиќ, случајот бил пријавен во Полициската станица од општа надлежност Кратово на трети септември околу тринаесет часот и четириесет минути. -На …

Кај кратовското село Филиповци пронајдена почината 36-годишна жена Read More »

Запленети 15 кг хашиш и 33 кг марихуана во прилепско, приведени тројца дилери


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Прилеп и Одделот за специјални полициски операции во координација со ОЈО Прилеп вчера, околу 20 часот запленија околу 15 килограми хашиш и околу 33 килограми марихуана, или вкупно околу 48 килограми дрога, а од слобода се лишени …

Запленети 15 кг хашиш и 33 кг марихуана во прилепско, приведени тројца дилери Read More »

Со возило излетал од патот, возачот тешко повреден


Во петокот, во 20.30 часот на магистрален пат Радовиш-Штип во близина на раскрсница за село Бучим патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М(41) од с.Огњанци-Петровец, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото и бил пренесен во Клинички центар Штип. Известене јавен обвинител, …

Со возило излетал од патот, возачот тешко повреден Read More »

Полицајците ќе бидат „вооружени“ со камери на рамо


Полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Тетово овозможија медиумските екипи да проследат како се извршува снимање на постапката на терен со новите камери што се поставуваат на рамото на службеникот. Полицискиот службеник ја вклучува камерата, по што ја започнува постапката за сопирање на возило и извршување на идентификација и контрола на …

Полицајците ќе бидат „вооружени“ со камери на рамо Read More »

Изгоре автобус на автопатот Штип- Миладиновци, немало патници  


Изгоре автобус на штипската фирма „Кит-го“ на автопатот Штип- Миладиновци кај светиниколското село Крушице. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека во автобусот немало патници, возачот на автобусот сам бил во него, кога почнал пожарот, тој се обидел да го изгасне со противпожарен апарат. Но, огнените јазици били силни и го …

Изгоре автобус на автопатот Штип- Миладиновци, немало патници   Read More »

Апелација делумно ги уважи жалбите на Милески за „Рекет“


Апелацискиот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на обвинетиот Зоран Милески во случајот „Рекет“ на начин што ја потврди првостепената пресуда, по однос на вината и изречената кривична санкција, додека во делот на одлуката за одземање на предмети ја укина и во овој дел предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување. …

Апелација делумно ги уважи жалбите на Милески за „Рекет“ Read More »

Двајца браќа приведени поради агресивност во тетовската болница


Двајца браќа биле приведени ноќеска во тетовската полиција откако претходно агресивно се однесувале во клиничката болница и кон полицајци кои дошле за да интервенираат. Браќата дошле во болницата за да му се укаже помош на помладиот од нив.  -Околу 2.25 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.А.(47) од Тетово, кој се …

Двајца браќа приведени поради агресивност во тетовската болница Read More »

Полициски инспектор негира дека е употребена сила врз осомничен во ,,Монструм”


Инспекторот за насилен криминал од април 2012, Г.В., не се сеќава дека извршил разговор со Хаки Азири, осомничен во предметот „Монструм”, кој во својата одбрана наведе дека во полициска станица бил малтретиран (тепан). – Јас го знам како лице од истрага, сега точно не се сеќавам кај кого точно сум извршил претрес. Сила не сум …

Полициски инспектор негира дека е употребена сила врз осомничен во ,,Монструм” Read More »

Браќата Усеини добија нови 30 дена притвор


Охридскиот советник од редовите на ДУИ, Нефи Усеини и неговиот брат добија нови 30 дена притвор по барање на Обвинителството, поради страв дека тие ќе избегаат. Браќата се гонат за физичкиот напад врз охриѓанецот Спирко Топаловски. Тие веќе осум дена се наоѓаат во притвор, откако претходно полицијата не можеше да ги најде и објави локален …

Браќата Усеини добија нови 30 дена притвор Read More »

„Монструм” продолжува со сведочење на полициски службеник


Со сведочење на полициски службеник кој учествувал во истражната постапка против обвинетите, денеска треба да продолжи судскиот процес за петкраното убиство кај Смилковско Езеро. На претходните рочишта, сведочеа поранешни и актуелни полициски службеници по однос на увидот на местото Враживир, каде во 13 април 2012 беше пронајдено возилото „Опел Омега”, кое според обвинението е користено …

„Монструм” продолжува со сведочење на полициски службеник Read More »

ЈО: Мевљудин Алити не смее да го напушта домот додека се води истрага


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар  „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган. – Со цел обезбедување на присуството на осомничениот во …

ЈО: Мевљудин Алити не смее да го напушта домот додека се води истрага Read More »

„Титаник” продолжува на 11 септември


Следното рочиште за првиот предмет на поранешното Специјално јавно обвинителство, познат по името „Титаник”, е закажено за 11 септември. Овој случај е во фаза на доказна постапка и така е предвидено да продолжи и на следното рочиште, со презентација на сведоци од обвинителството. Денешното рочиште, почна со мало задоцнување, заради увид во списите на предметот …

„Титаник” продолжува на 11 септември Read More »