Во превртено возило кај Прилеп загина 21-годишна девојка, друга е тешко повредена


Илустрација

 

Утрово во 6 часот во Полициска станица Прилеп, било пријавено дека на пат за село Селце, прилепско, има превртено патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од Е.С.(21) од Прилеп, која починала на местото на настанот.

Со тешки телесни повреди се здобила С.А.(21) од Прилеп, која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп.