Кај велешко Ветерско пронајден мртов жител на село Ржаничино по кој се трагало од 2. јуни


Како што информираат од СВР Велес на 6 август во атар село Ветерско, велешко  бил пронајден починат  65-годишниот М.Г. од село Ржаничино – Петровец, кој бил пријавен како исчезнат на 2 јуни годинава.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, бил извршен увид на местото на настанот.

По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција во Институт за судска медицина Скопје, информира Додевски