Полицајците ќе бидат „вооружени“ со камери на рамо


Фото: Б. Грданоски

Полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Тетово овозможија медиумските екипи да проследат како се извршува снимање на постапката на терен со новите камери што се поставуваат на рамото на службеникот.

Полицискиот службеник ја вклучува камерата, по што ја започнува постапката за сопирање на возило и извршување на идентификација и контрола на возачот околу доследното почитување на сообраќајните правила и прописи. При првиот контакт полицаецот го запознава возачот треба постапката за контрола се снима.

– Снимањето на видео и аудио во постапката за контрола на сообраќајот може да помоггне понатаму во постапка на МВР или пред суд може да послужи како доказ се со цел да се превенира злоупотреби од страна на полицајци како и за претставки на граѓаните за да се види дали истите се основани. Овој начин на снимање со „бодикам“ веќе се работи од страна на мобилните единици за сообраќај во Скопје и нивнито искуство вели дека доста се намалени злоупотребите од полицајците и неосновани постапки за непрофесионално постапување и дека воедно е е доста позитивно искуство, изјави Зоран Талев, командир на Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Тетово.

Според Талев, мобилниот систам за снимање е напреден технолошки капацитет што има можност за непрекинато снимање од 72 часа.

Секторот за внатрешни работи Тетово деновиве започна со употреба на мобилни системи со камери кои ќе снимаат додека изведуваат активности за контрола на безбедноста во сообраќајот. Камерите се донација од САД.