„Сваровски“ судијка го ослободи возачот што прегази татко и неродено бебе


Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, која од вчера е на удар од јавноста поради досудената условна казна за тетовскиот бизнисмен кој со џип прегази сопружници пред две години кај „Млечен ресторан“ во Скопје, при што загина сопругот и нероденото бебе, стана позната кога го одби барањето на СЈО за одземање на пасошот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, пишува „А1он“.

За неа се велеше дека е една од „Сваровски“ судијките која му прави сопки на Специјалното јавно обвинителство, па во 2017 година, СЈО поднесе претставка до Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на нејзината одговорност.
Од СЈО тогаш бараа да се испита нејзината работа од аспект на нестручното и несовесно вршење на судиската функција. Освен тоа, работата на СЈО беше отежната поради нејзиното одбивање на барањата за претрес на функционери.