Цените на нафтата малку се намалија, но и натаму се високи, над 110 долари за барел


Цените на нафтата денеска се намалија откако САД почнаа акција за повторно отворање на Ормуска Теснина. Но, падот на цените е ограничен и нафтата се тргува за повеќе од 110 долари за барел. На Лондонската берза нафтата Брент попладне се продаваше за 112,61 долари за барел или за 1,6 отсто помалку од вчерашната цена на […]

За три месеци трговскиот дефицит над 920 милиони долари


Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во првиот квартал годинава изнесува 1.998,3 милиони евра и бележи пораст од 3.6 проценти во однос на  првиот лвартал од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, во периодот јануари – март годинава, изнесува 2.788,3 милиони евра, за 0.5  проценти повеќе во однос на истиот перод лани, […]

Сточарите пред колапс – откупната цена на млекото намалена за уште два денари


  БИТОЛА – Нова „казна“ од млекарниците стаса за сточарите, одгледувачи на говеда – откупната цена на млекото е намалена за два денари по литар. Вака во една реченица сточари од Пелагонија ја опишуваат состојбата со откупот на суровото млеко. Падот на откупната цена на млекото се случува во континуитет, поизразено од лани летото, па […]

Македонија сака да ги добие неискористените средства од Планот за раст за Србија, Косово и БиХ, вели Сали


Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали вели дека забрзано се работи на реформската агенда и дека се прават напори да се добијат средствата од Планот за раст што ќе останат неискористени од Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Сали, кој денеска присуствуваше на седница на Управниот одбор на Стопанската комора, рече дека […]

Филипче: Банкротот тропа на врата, за две години Владата ја задолжи државата за нови 2,3 милијарди евра


  Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека за две години владеење на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, држава се задолжила за нови 2,3 милијарди евра. На прес-конференцијата во седиштето на партијата Филипче остро ја нападна Владата и премиерот Христијан Мицкоски дека водат „дилетантска“ политика која ги осиромашува граѓаните, како и дека забрзува инфлацијата […]

Секторска работна група за енергетика: Енергетската транзиција повеќе не е план, туку активен процес


Со јасна порака дека енергетската транзиција повеќе не е план, туку активен процес со конкретни резултати и мерливи цели, денес во Владата се одржа состанок на Секторската работна група за енергетика, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. На состанокот присуствуваа претставници од Делегацијата на Европската Унија, УНДП, Светска банка, амбасади, клучни […]

Димитриеска-Кочоска на Економскиот и финансиски дијалог: Растот умерено ќе забави на краток рок


Одржливите јавни финансии и макроекономската стабилност се клучни во услови на зголемена глобална неизвесност, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето обраќање на Економскиот и финансиски дијалог, кој што се одржа денеска во Брисел. Во рамки на 12-oт Економски и финансиски дијалог се дискутираше за економскиот развој, предизвиците и плановите, а беа усвоени и […]

Народна банка: Каматната стапка е непроменета – зголемени ризици за монетарно затегнување


Народната банка ја задржа основната каматна стапка на нивото од 4 отсто. Ова беше одлучено на редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на […]

Компанијата Visa го именуваше Сергиј Мартинчук за виш потпретседател и регионален менаџер за 17 пазари


Компанијата Visa го објави именувањето на Сергиј Мартинчук на позицијата виш потпретседател и регионален менаџер за регионот кој ги опфаќа Украина, Молдавија, Јужна и Источна Европа, Централна Азија и Кавказ. Со седиште во Киев, Мартинчук ќе биде одговорен за целокупното работење и стратегијата на компанијата Visa на 17 пазари. Сергиј Мартинчук доаѓа на местото на […]

„Лидл“ започнува кампања за вработување


„Лидл Северна Македонија“ ја започнува кампањата за вработување за работни позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата. Со слоганот: „Добра игра. Фер плеј“, оваа кампања има за цел да ги доближи можностите што ги нуди Lidl како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани лица да станат дел од […]

Од денеска M-TAG уредот за електронско плаќање патарини и во продажните места на Телеком


Од денес, M-TAG уредот за електронско плаќање патарини е достапен во продавниците на Македонски Телеком, соопшти компанијата. Со овој уред, поминувањето низ наплатните рампи е брзо, без чекање, а патувањето е пократко, со помалку гужви и без потреба од готовина. Уредот е достапен за сите и може да се набави во Т продавниците. Цената на […]

Во последната година биле креирани над 15.000 нови работни места


Повеќе од 15.000 нови работни места се креирани во последната година, со што бројот на вработени во државата достигна околу 710.000, а бројот на пријавени невработени е под 90.000, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на започнување на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во скопската општина Аеродром. Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека […]

Инфлацијата се враќа? Мицкоски очекува таа да се пренесе од Еврозоната


Дали инфлацијата повторно чука на вратата, откако беа вложени значајни напори таа да се заузда и да добие надолен тренд? Вакво нешто денеска навести и премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека очекува растот на цените во Еврозоната да се прелее и кај нас, со ограда дека вака зголемената стапка на инфлација во себе ќе ја […]

„Луфтханза“ воведува подобри услуги на долгите летови, но крати на кусите


Германската авиокомпанија Луфтханза воведува подобрени услуги на летовите на долги релации во својата понуда, обидувајќи се да привлече патници на овие летови во период на оперативни тешкотии и тензии со вработените, додека на летовите на кратки и средни релации одлучи да намали одредени услуги. Оваа година, авиокомпанијата има намера да инвестира повеќе од 70 милиони […]

„Харибо“ со рекордна продажба: Се купуваат гумени бомбони место чоколадо – промена на навиките


 Германскиот производител на гумени мечиња Харибо постигна рекордна продажба минатата година, благодарение на популарните нови производи, но и на високите цени на чоколадото што ги натераа луѓето да купуваат други слатки, изјави во понеделник извршен директор на компанијата. „Нашата глобална продажба се зголеми за 4,5 проценти“, изјави главниот комерцијален директор на групацијата Харибо, Хервиг Венекенс, […]

За четири месеци се потрошени над 72 отсто од буџетскиот дефицит, се крои ребаланс на Буџетот


Со буџетски приходи пониски од планот, а буџетски трошења во рамки на планираното, завршија првите три месеци од оваа економска година. Од Владата веќе најавија дека ќе има ребаланс на Буџетот 2026-та. Според економистите и досегашните статистички мерења, веќе под знак прашалник се сегашните проценки за инфлација од 2,5 отсто и раст на БДП од […]

УЈП испрати 862.896 годишни даночни пријави. Еве што треба да се прави ако е пресметан поголем или помал данок


 Во законскиот рок – 30 април 2026 година, Управата за јавни приходи (УЈП) заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за остварен доход во 2025 година, пришто се изгенерирани вкупно 862.896 даночни пријави, информираат од УЈП. -Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП. […]

Маск сакал да се спогоди со OpenAI само неколку дена пред нивната судска пресметка


Елон Маск побарал потенцијална спогодба со OpenAI два дена пред да започне неговото масовно судење против производителот на ChatGPT минатата недела, се вели во новиот судски поднесок од OpenAI. Маск испратил порака до претседателот на OpenAI, Грег Брокман, „за да го процени интересот за спогодба“ на 25 април, според поднесокот поднесен во неделата вечерта од […]

ЕЦБ предупредува на ризик од рецесија, војната во Иран може да ја турне Еврозоната во стагфлација


Ризикот Еврозоната да се лизне во рецесија доколку конфликтот на Блискиот Исток продолжи повеќе не е само теоретска закана. Гувернерот на грчката централна банка и член на Управниот совет на Европската централна банка, Јанис Стурнарас, предупреди дека загриженоста за можен економски пад е „реална и оправдана“, особено ако војната со Иран продолжи да создава нарушувања […]

Божиновска – Варнс: Стратешкото партнерство во енергетиката со САД сега влегува во фаза на конкретна реализација


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс, на која, како што објави на Фејсбук, ја потврдиле заедничката определба – „стратешкото партнерство во енергетиката сега влегува во фаза на конкретна реализација“. -По потпишувањето на Меморандумот за соработка, во рамки на Стратешкиот дијалог […]