Трошоците за авионско гориво во САД се зголемија за 1,8 милијарди долари


Големите патнички авиокомпании потрошија малку повеќе од пет милијарди долари за гориво за авиони во март, што е за 1,8 милијарди долари или 56 проценти повеќе отколку во февруари, објави Министерството за транспорт. Цената по галон гориво во март изнесуваше 3,13 долари, што е зголемување од 74 центи или 31 процент во споредба со февруари. […]

Колкаво богатство остави зад себе Тед Тарнер, основачот на Си-ен-ен?


Основачот на CNN, Тед Тарнер, кој почина денес на 87 години, беше еден од најбогатите поединци денес, со нето вредност од 2,3 милијарди долари. Но, слично на другите бизнис магнати, како што е Илон Маск, тој нема да им го остави целото свое богатство на своите деца. Во 2010 година, медиумскиот магнат јавно се обврза […]

Плаќањата преку СЕПА станаа доминантни, заштедите за граѓаните и компаниите се големи


Од 7 октомври минатата година кога почнаа првите трансакции со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), па сѐ до сега, овој начин на плаќање и примање пари стана доминантен кај граѓаните и компаниите, а им донесе и значителни заштеди за платените провизии. Со влегувањето во СЕПА и на Србија, што се случи […]

Угостителските услуги за една година поскапеле за 2,8 отсто


Цените на угостителските услуги во април 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.8 %, објави Државниот завод за статистика. Во однос на претходфниот месец, пак, цените се зголемени за 0.6 %. Во периодот јануари – април 2026 година споредено со истиот период лани, угостителските услуги поскапеле за 3.0 […]

ИСОС повторно ја обедини професијата од регионот: Сметководството преминува од бројки кон влијание


Над 1000 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот, претставници на релевантни домашни институции и меѓународни организации, од академската заедница и деловниот сектор од земјава, како и студенти и средношколци, учествуваат на Третата регионална конференција, во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС). Програмата на годинешната конференција, која се одржува под мотото […]

Димитриеска-Кочоска во работна посета на Словачка, во фокусот дигитализацијата на даночните процеси


Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска и утре, престојува во работна посета на Република Словачка на покана на министерот за финансии, Ладислав Каменицки. Во рамки на посетата, информираат од нејзиниот Кабинет, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата министри, како и билатерални состаноци на делегациите и средба на државните секретари во министерствата за финансии на двете […]

Бензинот во САД не бил поскап уште од јули 2022 година


Просечната цена на бензинот во САД се искачи на 4,51 долари за галон, што е највисоко ниво од јули 2022 година, покажаа податоците на компанијата „GasBuddy“. Растот на цените се поврзува со продолжувањето на конфликтот во Иран и нарушувањата во Ормуската Теснина, клучен правец за глобален транспорт на нафта каде сообраќајот е ограничен. Според наводите […]

Транспортните услуги ќе влијаат врз инфлацијата, вели Мицкоски


Цената на храната е зголемена под 1 отсто во месец април во споредба со март 2026 година, покажуваат анализите на Владата кои ги прави врз основа на добиентите бројки од Државниот пазарен инспекторат, информираше премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по отварањето на пазарот за електрична енергија во Скопје. – Најмногу се зголемени транспортните […]

Следната недела почнува изградбата на северниот гасен интерконектор, најави Мицкоски


Владата постојано работи на унапредување на електроенергетскиот систем – вели премиерот Христијан Мицкоски посочувајчи на изградбата на интерконекторите. Очекува веќе следната недела да почне и изградбата на северниот интерконектор.  – Владата го зајакнува високонапонскиот преносен систем, тука мислам на системот на МЕПСО. Знаете дека се рестартира повторно изградбата на интерконекторот со Албанија. Продолжуваат и внатрешните […]

Андоновски: Очекувам добри вести за роамингот во јуни на самитот ЕУ – Западен Балкан


 Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе ѝ биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ. Добри вести очекува на самитот ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи на почетокот на јуни во Подгорица.  Смета дека ќе биде меѓу првите држави со кои Европската Унија […]

Почеток на пазарот за електична енергија во тековниот ден


И официјално почна пазарот за електична енергија. Директорот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, на настанот на официјалното почнување на пазарот ден однапред порача дека денеска не се отвара само нов пазар, туку се отвара нова енергетска перспектива за нашата држава. Перспектива што значи стабилност, што значи доверба и што значи развој. На отворањето на пазарот на […]

„Антропик“ потпиша договор од 200 милијарди долари со „Гугл“


Стартапот Anthropic се обврза да потроши 200 милијарди долари на Google Cloud во следните пет години, што е повеќе од 40 проценти од договорените идни приходи на Google, објави денес The Information, повикувајќи се на извор запознаен со договорот. Акциите на Alphabet, матичната компанија на Google, пораснаа за околу 2 проценти по објавувањето на веста. […]

Народна банка: Европските институции позитивно ја оценија монетарната политика


Монетарната политика на Народната банка (НБ) е оценета како целосно усогласена со препораките од европските институции, што претставува највисока оценка во делот на економските политики. Ова беше посочено во рамките на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите регионални партнери од Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина, којшто се одржа во Брисел, […]

Два милиони седишта во авиокомпаниите се откажани поради зголемувањето на цените на горивата


Поради наглиот пораст на цените на млазното гориво поради конфликтот на Блискиот Исток, авиокомпаниите ширум светот откажаа околу 13.000 летови закажани за мај, што значи дека два милиони седишта се отстранети од нивните распореди. Податоците од аналитичката фирма Cirium покажуваат дека авиокомпаниите ги прилагодуваат своите операции на новите пазарни услови, пишува Гардијан. Иако откажувањата претставуваат […]

Трета регионална конференција на сметководители


Под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“, денеска во Скопје ќе се одржи Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители. Како што е најавено, конференцијата ќе обедини над 1.000 учесници од земјава и регионот, претставници на институции, професионални организации, академската заедница и деловниот сектор, а поздравни обраќања ќе имаат министерот за дигитална […]

Официјален почеток на Пазарот во тековниот ден


Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје денеска и официјално ќе го означи почетокот на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market). На настанот по овој повод, најавени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски и на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Поздравни обраќања ќе имаат и генералниот директор […]

Франција добива нов гувернер: аналитичарите укажуваат на политичката димензија на одлуката


Оваа недела, претседателот на Франција, Емануел Макрон, официјално го номинираше Емануел Мулин за нов гувернер на Банката на Франција, со што се иницираше последниот чекор во процесот на замена на Франсоа Вилру де Гало, кој се сели на нова позиција во фондацијата „Apprentis d’Auteuil“ на почетокот на јуни. Француските медиуми претежно ја претставуваат оваа одлука […]

ЕУ воведува лимит за готовински купувања, ограничување до 10.000 евра


Примената на одлуката на Европската Унија (ЕУ) со која се ограничуваат готовинските плаќања на износ до 10.000 евра ќе започне во јули 2027 година. Оваа одлука беше донесена во 2024 година како дел од пакет мерки за борба против перење пари и е дел од Регулативата 2024/1624. Ограничувањето од 10.000 евра се однесува на плаќања […]

„Бионтек“ отпушта 1.860 работници и затвора фабрики


„Бионтек“ (BioNTech), со седиште во Мајнц, заработи милијарди за време на пандемијата благодарение на своите вакцини. Сега истражува лекови за рак и други болести. Ова е скапо и има последици. BioNTech планира да затвори неколку фабрики и да отпушти 1.860 работници. Компанијата ги објасни намалувањата велејќи дека има поголем производствен капацитет отколку што е потребен, […]