Од денеска M-TAG уредот за електронско плаќање патарини и во продажните места на Телеком


Од денес, M-TAG уредот за електронско плаќање патарини е достапен во продавниците на Македонски Телеком, соопшти компанијата.

Со овој уред, поминувањето низ наплатните рампи е брзо, без чекање, а патувањето е пократко, со помалку гужви и без потреба од готовина.

Уредот е достапен за сите и може да се набави во Т продавниците. Цената на уредот е 1.175 денари со ДДВ и може да се плати на 24 рати, или со еднократен надоместок.

За наплата на патарините преку M-TAG достапни се три начина: со платежна картичка, со месечна постпејд сметка или со надополнување на припејд сметка.

За активирање на M-TAG, потребна е регистрација на: www.telekom.enp.mk

Како функционира M-TAG

Уредот се поставува на внатрешната страна на ветробранското стакло на возилото. Во специјално означената M-TAG лента, системот го препознава уредот, наплатата се извршува автоматски и рампата се отвора без запирање.

Оваа услуга се реализира во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и е дел од заложбата на Телеком да излезе во пресрет на потребите на корисниците во дигиталното време и да им пружи едноставно, и непречено искуство без грижи.
Засега M-TAG може да се користи во Македонија, а наскоро и во соседните земји, се вели во соопштението до медиумите.