Високата цена го попишманила Николоски за тунелот на делницата Гостивар – Букојчани


  Наместо низ тунел долг 5,3 километри, на автопатската делница од Гостивар до Букојчани, која што ја гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, автомобилите (кога ќе биде завршен проектот) ќе мора да возат по угорнина (или удолнина) под агол од шест степени. Ова, и за искусните возачи, не е баш пријатно искуство, особено ако се има […]

Европските цени на гасот на највисоко ниво од почетокот на 2023 година


Цените на гасот во Европа нагло се зголемија во вторник, достигнувајќи го највисокото ниво од почетокот на 2023 година, откако гасниот гигант QatarEnergy одлучи да го суспендира производството на течен природен гас (LNG) поради конфликтот на Блискиот Исток. Мегават-час гас за испорака во април се тргуваше за 63,8 евра околу пладне на референтната холандска дигитална […]

Економијата лани порасна за 3,5 отсто


  Реалниот раст на БДП во 2025 година изнесуваше 3,5 отсто што е во линија со проекциите на Министерството за финансии, а номиналниот раст е нешто повисок од очекуваниот, соопшти денес на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. „Денеска Државниот завод за статистика ги објави податоците за растот на економијата во 2025 година и тоа […]

Endurance Mindset – Лидерство под притисок со Alexandra Panayotou во организација на М6


На 12 март 2026 година (четврток), во малата сала на Македонската филхармонија, М6 Едукативен Центар организира ексклузивен тренинг и настан со меѓународно признатата експертка за лидерство, TEDx говорник и стратегиски советник, Alexandra Panayotou на тема „Менталитетот на издржливост за отпорност, енергија и храбри одлуки“. Во време на постојана неизвесност, брзи промени и зголемен притисок, вистинското […]

Рано е да се проценат ефектите од кризата на Блискиот Исток врз економијата, вели Димитриеска Кочоска


Рано е да се прогнозира колку ќе трае ситуацијата на Блискиот Исток, треба да почекаме, да видиме. Состојбата се следи на дневна основа, а ако се утврди дека е потребно да преземеме мерки од аспект на економијата, тие ќе бидат согласно законот, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа постети дека Министерството за финансии […]

Јаневски на Копаоник бизнис форум: Победуваат оние што настапуваат организирано на пазарот, инвестираат и имаат јасна стратегија


Организиран настап на пазарот, јасна стратегија за иднината и континуирани инвестиции во примарното производство се клучните предуслови за одржлив раст и конкурентност на винската индустрија во регионот. Ова се клучните пораки од претседателот на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски, на годинешното издание на Копаоник бизнис форум, еден од врвните економски настани во […]

Неда Радњанска: Вашата лозинка е клучот, а мТокен е алармниот систем, кој дополнително ги штити вашите финансии


Со цел унапредување на безбедноста на онлајн трансакциите Комерцијална банка воведува нов начин на потврда на интернет плаќањата со картичка, со кој обезбедува уште поголема заштита на паричните средства на клиентите. Од 1 март, интернет плаќањата со картичка се потврдуваат со единствен безбедносен код генериран преку бесплатната апликација мТокен, наместо како досега со СМС код. […]

Димитриеска-Кочоска за најавениот кредит од 300 милиони евра: Не може да вратиме 2 милијарди евра долг со една милијарда еврообврзница


Синдициран заем, што го одобрува поголема група банки, најверојатно ќе биде кредитот од 300 милиони евра што го најави Владата. Како што рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, веќе се во тек преговорите со банките и се чекаат понудите, а ќе биде земено она што најмногу ќе одговора и што ќе биде најсоодветно за […]

Имаме доволно нафтени резерви за сигурно снабдување на граѓаните и стопанството, велат од Министерството за енергетика


Кризата која го зафати Бликсиот Исток поради воените дејствија против Иран и одговорот на Техеран да го затвори Ормутскиот Теснец низ кој поминува една петтина од нафтата во земјите од Заливот, предизвика загриженост во светот, но и во нашето опкружување за сигурноста со снабдување со енергенти но и за нивната цена. Овој нов момент само […]

Цените на нафтата растат


Цените на нафтата дополнително пораснаа по интензивирањето на конфликтот на Блискиот Исток и откако Иран презеде чекори за блокирање на клучната поморска рута за танкери со сурова нафта. Брент нафтата денеска порасна за повеќе од дополнителни три отсто, достигнувајќи највисоко ниво во последната година од 80 долари за барел, откако во еден момент во понеделникот […]

Иранските беспилотни летала ги оштетија центрите за податоци на „Амазон“ во Емиратите и Бахреин


„Амазон Веб Сервисис“ соопшти во понеделник вечерта дека два од нивните центри за податоци во Обединетите Арапски Емирати и еден објект во Бахреин биле оштетени од напади со беспилотни летала, што ги направило објектите нефункционални. Инцидентот се случил во недела наутро, а компанијата објавила на својата контролна табла на AWS во тоа време дека „објекти“ […]

Златото расте петти ден по ред


Златото порасна петти ден по ред, бидејќи ескалацијата на војната на Блискиот Исток ги помести глобалните енергетски пазари и ги насочи инвеститорите кон побезбедни средства. Златото порасна за дури 1,1% на 5.380 долари за унца, дополнителен пораст од повеќе од 3% во однос на претходните четири сесии, бидејќи конфликтот одекнуваше низ регионот. Претседателот Доналд Трамп […]

ЕЦБ предупредува дека војната со Иран може да ја зголеми инфлацијата во еврозоната


Брисел- Конфликтот меѓу САД и Израел против Иран може да предизвика значителен скок на инфлацијата во Еврозоната и забавен економски раст, предупреди главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ) Филип Лејн во интервју за Фајненшл тајмс. „Зголемувањето на цените на енергијата врши притисок врз инфлацијата, особено на краток рок, а таков конфликт би бил негативен […]

Путин го загуби сојузникот Хамнеи, но за него е добра вест нафтениот шок


  Рускиот претседател Владимир Путин можеби изгуби уште еден близок сојузник по смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, но нафтениот шок од конфликтот на Блискиот Исток е потенцијално добра вест за неговиот воен фонд. Војната меѓу САД и Израел против Иран го затвори Ормутскиот теснец, тесниот воден пат што овозможува пристап до Персискиот […]

„Ејч-Би-О макс“ и „Парамаунт плус“ ќе се спојат во една стриминг услуга


„Ејч-Би-О макс“ (HBO MAX) и „Парамаунт плус“ (Paramount+) ќе се спојат во една стриминг услуга откако ќе биде завршено спојувањето на нивните матични компании, „Ворнер брос Дискавери“ (Warner Bros. Discovery) и „Парамаунт“ (Paramount). Веста ја објави извршниот директор на „Парамаунт“, Дејвид Елисон, за време на неговиот прв повик до инвеститорите откако неговата компанија ја доби […]

Една петтина од светскaта нафта е запрена. Азиските земји стравуваат од енергетски колапс


Азиските земји почнуваат да го чувствуваат економското влијание од ескалацијата на воздушните напади на САД, Израел и Иран, бидејќи танкерите за нафта остануваат заглавени во близина на Ормутскиот теснец, еден од најважните енергетски коридори во светот, објави Анадолија. Неколку оператори за превоз го прекинаа транзитот низ теснецот поради зголемените трошоци за осигурување и безбедносните загрижености. […]

Значително подобрена реализацијата на капиталните инвестиции во однос на лани


Висок раст на реализација на капитални инвестиции од 179,7 отсто е остварен во првите два месеца од оваа година. Во согласност со податоците за реализација на буџетот заклучно со 27 февруари, во првите два месеца од 2026 година реализирани се вкупно 8,1 милијарди денари, што претставува раст од 179,7 отсто, или во апсолутен износ во […]

Катар го запре производството на ЛНГ, затворени се саудиската рафинерија и нафтените полиња во ирачки Курдистан и во Израел


  Катар го прекина производството на течен природен гас во понеделникот, а Саудиска Арабија ја затвори својата најголема домашна рафинерија за нафта по напад со дрон, изјави извор, додека израелските и американските напади и иранската одмазда предизвикаа превентивно затворање на нафтените и гасните капацитети низ Блискиот Исток. Бран напади врз регионот се проширија трет ден, […]

Владината потрошувачка кошничка е за 13 проценти поевтина од онаа на ССМ, вели Дурмиши


Просечната потрошувачка кошничка што ја изработи Владата е за 13 проценти поевтина од потрошувачката кошничка што ја изработува Сојузот на синдикатите, тврди министерот за економија, Бесар Дурмиши.  Во потрошувачката кошничка изработена од Владата, како што изјави денеска Дурмиши, опфатени се 101 производ и таа е реална, односно ги отсликува минималните трошоци на едно семејство.  – […]

Царинска управа: Во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани


За 778,3 милиони денари или 7,7 отсто е зголемена наплатата на приходи во февруари, период во кој Царинската управа наплати вкупно 10,8 милијарди денари, соопштија од Царинската управа. Притоа, како што е наведено во соопштението, раст во наплатата е забележан по сите основи – наплатата на приходи од царина бележи раст од 8,9 проценти, од […]