Престрелка во Бутел, повредени четири лица


На ул. „Бетовенова“ во населбата Бутел во Скопје, денеска дошло до физичка пресметка, најверојатно поради нерасчистени имотно-правни односи, помеѓу браќата Ј.И. и Ј.И. и нивниот зет за сестра Е.Д. од една страна и браќата Џ.Д. и А.Д. од другата страна. Лицата Ј.И., Ј.И. и Е.Д. дошле пред куќата на Џ.Д. по што дошло до физичка […]

Кочанската семејна трагедија прв фемицид во 2018 година


Вчерашното убиство на сопругата со нож и чекан од 54-годишниот сопруг, кое се случи во раните утрински часови во Кочани, е прв случај на фемицид во 2018 година, сметаат експертите. Според Благица Кирова од невладината организација „ЕХО“ од Штип, која работи со жртви на семејно насилство, вчерашната крвава семејна драма во која е убиена жена […]

Народен правобранител: Институциите затаиле во случајот со малолетничката


Народниот правобранител смета дека случајот со сексуалната злоупотреба на малолетничката од ЈУ „25 Мај“ е резултат на, како што посочуваат оттаму, индолентниот однос на институциите. Вистина е велат оттаму, дека институцијата е од отворен тип, но вработените и старателот требало да се заинтересираат зошто таа толку често ја напуштала установата и каде го поминувала времето. […]

Абортирало девојче од домот „25 Мај“ кое повеќепати било силувано


Тринаесетгодишна ромска девојка вчера морало да абортира бидејќи забременила по сексуалното малтретирање на кое била изложена како штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје. Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) денеска алармира за случајот и ги повика надлежните власти веднаш да реагираат и на оваа девојка да ѝ обезбедат соодветна […]

Тетовци ја претепале ќерка си оти не сакала да им ја даде платата


Родители од Тетово ја натепале својата 24-годишна ќерка зашто не сакала да им ја даде својата плата. Како што известуваат од МВР, вчера околу 22 часот С.Џ. (24) од Тетово пријавила дека нејзините родители физички ја нападнале затоа што не им ја давала платата на родителите. „Во наведеното време, во нејзината соба влегла мајка ѝ […]

Кочанчани вознемирени: Благој беше мирен човек


Крвава драма утрово го разбуди Кочани. Маж ја уби сопругата и сериозно ја повреди ќерката, а потоа си го одзеде животот. Хоророт во куќата на семејството Анчови се случувала пред очите на малолетниот син, кој во последен момент успеал да побегне кај соседите. Дваесет и двегодишната девојка се здоби со сериозни повреди и е пренесена […]

Кочани: Ја убил сопругата, па скокнал во смрт


Убиство и самоубиство утрово го потресоа Кочани. Во 3.30 часот дошло до семејна расправија, по што Б.Л. со нож ја нападнал сопругата, а потоа, откако увидел дека таа сеуште покажува знаци на живот, почнал да ја удира со чекан по глава додека не ја усмртил. Крвавиот инцидент се случил пред очите на нивните две деца: […]

Случај „Траекторија“: За Груевски и неговите адвокати спорни се смс-пораките


Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се противи судот да ги изведе како доказ СМС пораките кои ги предложи Специјалното јавно обвинителство, а се однесуваат на случајот  „Траекторија“, односно за провизии од изградба на два автопата. Повлекување на СМС-пораките прв побара бранителот Димитар Дангов, еден од тимот адвокати на обвинетиот Груевски. Бескарајно долгата […]

Советот за етика ќе го „чешла“ Советот на обвинители


Изборот на Марија Ѓоргова за обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење органиизиран криминал и неизгласување на уште еден мандат за обвинителка Лидија Раичевиќ ќе го разгледува Советот за етика. Како што дознава правосудство.мк, „Транспаренси интернешнел Македонија“ поднела преставка до Здружението на обвинители и до Етичкиот совет. Од нив се бара да го проверат работењето, […]

Снегот предизвика проблеми во сообраќајот


Врнежите од снег предизвикаа проблеми во одвивањето на сообраќајот на повеќе патни правци низ државата. Поради лавина од камења и снег целосно беше во прекин патот Маврово-Дебар, а вечерва според информацијата од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Забрана за патнички возила е воведена на планинскиот превој Ѓавато, а […]

Од продавница во Ѓорче Петров украдени 21 лаптоп


Од продавница за техничка стока на ул. „Ѓорче Петров“ непознат сторител украл 21 лаптоп компјутери и причинил штета од околу 900.000 денари. МВР соопшти дека, во периодот од 15 часот на 11 февруари до 04:30 часот вчера непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за техничка стока на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје. Сторителот, како […]

Рочиштето за „Труст“ одложено за 20 февруари


Судењето за случајот „Труст“ што требаше да продолжи денеска во Кривичниот суд, е одложено за 20 февруари поради отсуство на еден од адвокатите на обвинетите. Адвокатката Сања Алексиќ поради болест била оправдано отсутна од рочиштето. Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, како и две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на […]

„Тенк“ продлжува во петок, одбиени сите приговори на одбраната на Груевски


Судечкиот совет ги одби сите приговори на одбраната во случајот „Тенк“, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот „Мерцедес“ од 600 илјади евра. Обвинетите нема да ги добијат прислушуваните материјали во аудио форма и тие во овој предмет ќе […]

„Монструм“ тргнува од почеток, со старо обвинение


Предметот „Монструм“ за петкратното убиство на петмината Македонци кај Смиљковското езеро, што се случи за време на Велигденските празници во 2012 година,а кој пред повеќе од три месеци го укина Врховниот суд, денес почна од почеток .Обвинителството за организиран криминал остана на првичниот обвинителен акт ,со кој се обвинети за тероризам четири лица.За разлика од […]

Жена настрада во пожар во Охрид


Повозрасна жена настрада во пожар што утрово избувна во стан во зграда на улицата „Туристичка“ во Охрид. Пожарот бил пријавен од соседите во 7,05 часот во Територијалната противпожарна единица, која веднаш интервенирала локализираќи го пожарот и спречувајќи негово ширење кон другите станови во зградата. Жената веднаш била префрлена во Oхридската болница каде била констатирана смрт. […]

Судска седмица за Груевски


Само четврток е слободен ден, во текот на оваа работна седмица, за поранешниот премиер и актуелен пратеник Никола Груевски. Сите други четири дена тој треба да се појави во Кривичниот суд  за неколку случаи што против него и негови соработници додека беше на власт ги води Специјалното јавно обвинителство. За утре е закажано рочиште за […]

Полицијата потврди, планинарите пронајдени мртви


Македонската полицијата ги потврди информации дека исчезнатите планирани се пронајдени мртви и нивните тела се префрлени во Воден, Грција. Двете лица, планинари од Македонија, загинаа на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе во Грција, најверојатно по пад во бездна. Калина Велевска (26) и Александар Миновски (31) од вчера попладнето се водеа за исчезнати на Кајмакчалан, откако […]

СЈО демантира дека имало обид за атентат врз Фатиме Фетаи


Специјалното јавно обвинителство ги демантира медиумските написи дека имало обид за атентат врз обвинителката Фатиме Фетаи. Информацијата што ја објави Шќипмедиа, од СЈО велат дека не е точна и дека тој ден кога се случил инцидентот обвинителката не била во Боговиње. „Ова Јавно обвинителство категорично ги демантира написите на некои медиуми во кои се тврди […]

Во сообраќајка повредена пратеничка на СДСМ и градоначалникот на Валандово


Во сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер кај Удово, потешко повредена е пратеничката од СДСМ Мери Лазарова (33), а со полесни повреди поминал градоначалникот на Валандово Перо Костадинов (30). Пратеничката итно била пренесена во Ургентниот центар во Скопје, со повреди на главата и телото. Како што информираат од полицијата, автомобилот марка „опел корса“ се превртело, […]

Француски волонтери спасени од премрзнување на Шапка


Полицијата и Гроскоспасителската служба успеале денеска на Попова Шапка да пронајдат и да спасат двајца француски државјани кои залутале во планината. Попладнето било пријавено во СВР – Тетово дека двајца Французи, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово, залутале и се изгубиле на падините на Попова Шапка и единствено знаеле дека се наоѓаат покрај […]