Полицијата потврди, планинарите пронајдени мртви


Македонската полицијата ги потврди информации дека исчезнатите планирани се пронајдени мртви и нивните тела се префрлени во Воден, Грција.

Двете лица, планинари од Македонија, загинаа на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе во Грција, најверојатно по пад во бездна.

Калина Велевска (26) и Александар Миновски (31) од вчера попладнето се водеа за исчезнати на Кајмакчалан, откако се одделиле од планинарската група и подоцна не се вратиле.

Грчката противпожарна служба, вчера добила повик за помош и од 14.30 часот, започнала спасувачката акција со три возила и 13 спасувачи. Доцна во ноќта, планинарите биле лоцирани во непрооден дел, но за жал не давале знаци на живот.

По лоцирањето на местото каде што паднале двајцата планинари, од рано утрово, траеше акцијата на грчките пожарникари за извлекување на телата на планинарите.