Бомба експлодираше во „Мавровка“, нема повредени


Силна експлозија одекнала доцна синоќа во трговскиот центар Мавровка во Скопје, јавува телевизија Алсат.

Повредени лица нема, но причинета е материјална штета кај неколку локали.

Според информациите на телевизијата, во трговскиот биле поставени две експлозивни направи, но само едната се активирала. По интервенција на полицијата другиот експлозивен уред бил деактивиран.