Кривична за поранешниот директор на Катастарот, тој обвинува за хајка


Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство против поранешниот директор на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) С.Т., поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување. Кривични пријави се поднесени и против Е.Д.А., вработена во АКН како државен советник, Г.Г, исто така државен советник во Агенцијата и С.М. вршител на …

Кривична за поранешниот директор на Катастарот, тој обвинува за хајка Read More »

Груевски на распит во СЈО


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска дојде во просториите на Специјалното јавно обвинителство. Засега нема информации дали Груевски е повикан како обвинет или сведок во некоја од постапките што ги води СЈО. Груевски е обвинет во неколку предмети на СЈО, а за еден од нив „Насилство во Центар“ во тек е постапка пред Кривичниот суд …

Груевски на распит во СЈО Read More »

Судењето за „Труст“ продолжува в четврток


Судењето за случајот „Труст“ продолжува во четврток, откако, на денешното рочиште во скопскиот Кривичен суд, беа сослушувани сведоци за предметот во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан. За овој случај се обвинети уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани, а за учество …

Судењето за „Труст“ продолжува в четврток Read More »

Со 2.28 промили алкохол се превртел кај Делчево


Чтириесет и деветгодишниот И.С. од делчевското село Ветрен се здобил со тешки повреди откако се превртел со автомобилот „фиат добло“ што го управувал без регистарски таблички. Несреќата, како што соопшти МВР, се случи во петокот околу 17.30 часот на магистралниот пат близу Очипала кај Делчево. Возачот е префрлен во Медицинскиот центар во Штип. По извршеното …

Со 2.28 промили алкохол се превртел кај Делчево Read More »

Приведен разбојник на „Халк банка“


Полицијата го уапси Е.М. (29) од Скопје, поради сомневање дека учествувал во неодамнешниот грабеж на експозитура на „Халк банка“ во скопската населба Бутел. Според документираните сознанија од истрагата, пријавениот заедно со уште две, засега непознати лица, на 03.11. околу 09,25 часот на улицата „Александар Урдаревски“ извршил разбојништво врз четири вработени во банката и врз еден …

Приведен разбојник на „Халк банка“ Read More »

Кираџија чувал дрога во буре


Триесет и двегодишен жител на Тетово е приведен од полицијата поради сомневање дека во станот во кој што живеел под кирија, чувал дрога. Според МВР, акцијата била реализирана во четвртокот во стан на улицата „146“, каде како потстанар живеел А.Г. (32) од Тетово. „При претресот во станот била пронајдена наркотична дрога марихуана со тежина од …

Кираџија чувал дрога во буре Read More »

Тинејџер од Радовиш загина во сообраќајка


Деветнаесетгодишно момче од Радовиш утрово загина во сообраќајка која се случила на магистралниот пат Радовиш-Струмица кај клучката Воиславци. Како што дознава МИА, сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „голф“, управувано од Кристијан Р. (19) и товарно возило „мерцедес“, управувано од Тодорче Ј. (роден 1959 година). Во незгодата, на самото место починал возачот на „голфот“, додека …

Тинејџер од Радовиш загина во сообраќајка Read More »

Прифатено обвинението за „ТНТ“


Советот за оценка на обвинителн акт при скопскиот Кривичен суд го прифати обвинението за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, потврдија за МИА од СЈО. Согласно АКМИС системот, предметот ќе биде распореден на судија за натамошно псотапување, кој треба да закаже термин за одржување на главна расправа за „ТНТ“ „ТНТ“ се однесува на уривањето на …

Прифатено обвинението за „ТНТ“ Read More »

По осуммесечно бегство, уапсен шверцер на 20 килограми дрога


По осуммесечно бегство, полицијата го уапси 39-годишниот скопјанец М.О., кој се бараше поради шверц на дрога тешка дваесетина килограми. Во акцијата во март, приведен  беше неговиот партнер Д.И. (65), исто така, од Скопје, а двајцата се товарат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Според МВР, пријавените го сториле …

По осуммесечно бегство, уапсен шверцер на 20 килограми дрога Read More »

Нухиу: Мигрантите во постојан обид за нелегален влез во Македонија


„Иако западно-балканската рута за мигранти официјално е затворена, сепак имаме секојдневни обиди за нелегален влез на мигранти на територијата на Република Македонија, кои сами, или со помош на криумчари сакаат да влезат на нелегален начин и да транзитираат низ територијата на Република Македонија кон земјите од Западна Европа. Со помош на странските полициски службеници, кои …

Нухиу: Мигрантите во постојан обид за нелегален влез во Македонија Read More »

Црна среда: еден загинат и тројца тешко повредени во сообраќајки


Еден загинат и тројца тешко повредени е билансот од сообраќајните несреќи што во средата се случија на патиштата низ Македонија. Шеесет и седумгодишната П.Н. од Битола го загуби животот откако во неа удри автомобил „мерцедес Ц220“, управуван од 56-годишен грчки државјанин. Фаталната незгода се случи околу 19.30 часот на крстосницата од улиците „Македонски гемиџии“ и „Буримечка“ …

Црна среда: еден загинат и тројца тешко повредени во сообраќајки Read More »

Провалил во продавница, украл 51 пиштол


Полицијата трага по непознат сторител, кој минатата недела проваил во продавница за ловна опрема лоцирана во скопската населба Капиштец. Според првичните сознанија, со употреба на погоден алат, арамијата влегол во дуќанот и одзел вкупно 51 пиштоли и револвери, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.

Судијата Панчевски префрлен во Одделот за прекршоци


Довчерашниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски е прераспределен во Одделот за прекршоци, објавија медиумите. Одлуката на новоизбраниот претседател на Кривичен, Иван Џолев била соопштена вчера, а во образложението се наведува дека Панчевски имал изразено став и пристрасност кон предметите од Специјалното јавно обвинителство. Панчевски и Џолев подолг период не се во добри односи. Додека …

Судијата Панчевски префрлен во Одделот за прекршоци Read More »

Притворени тројца дилери на дрога


Едномесечен притвор им е одреден на тројца дилери на дрога од Куманово, Кучичино и Велес. Тие се сомничат дека во вторникот со автомобил пристигнале во Куманово и од непознато лице набавиле поголемо количество марихуана, по што заминале во куќа на улицата „Сутјеска“ во Штип каде како потстанар живеел еден од пријавените. По претходно добиени оперативни …

Притворени тројца дилери на дрога Read More »

Спасовски вети нови униформи и чизми за полицајците


Нови униформи и чизми за полицајците, како и подобрување на целокупните услови за работа – вети министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по денешната средба со делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од претседателот Ацо Антовски. Спасовски рекол дека во тек се конкретни активности за подобрување на стандардот на работење на полициските службеници и понудил …

Спасовски вети нови униформи и чизми за полицајците Read More »

Обвинителството ќе го истражува договорот со „Јадран филм“


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка во врска со договорот помеѓу Агенцијата за филм и продукциската куќа „Јадран филм“ ангажирана за снимање на играната серија „Македонија“. Постапката е отворена по известувањето на Упрвата за финансиска полиција. Издадени се повеќе насоки и наредби за прибирање на материјални докази поврзани со …

Обвинителството ќе го истражува договорот со „Јадран филм“ Read More »

Во влошки од патики сокрил хероин


Македонски државјанин е уапсен на косовско – српската граница откако во влошките од патиките се обидел да прошверцува хероин. Според информациите на белградските медиуми, настанот се случил во вторникот околу 19 часот на контролниот пункт Депче на српската страна од преминот. Триесет и четиригодишниот маж, чиј идентитет не се соопштува, но се напоменува дека станува …

Во влошки од патики сокрил хероин Read More »

Угостителите лути по саботната полициска акција


Здружението на заштита на правата на угостителите „Хорекаши“ реагираше по саботната полициска акција во угостителските објекти низ земјава. Тие ги поздравуваат „сите напори на државните институции за доследно почитување на позитивните законски прописи, со што ќе се создадат еднакви услови за сите угостители да моќат да ја вршат својата основна дејност“, но имаат низа забелешки …

Угостителите лути по саботната полициска акција Read More »