Со 2.28 промили алкохол се превртел кај Делчево


Чтириесет и деветгодишниот И.С. од делчевското село Ветрен се здобил со тешки повреди откако се превртел со автомобилот „фиат добло“ што го управувал без регистарски таблички. Несреќата, како што соопшти МВР, се случи во петокот околу 17.30 часот на магистралниот пат близу Очипала кај Делчево. Возачот е префрлен во Медицинскиот центар во Штип. По извршеното алкотестирање, утврдени биле 2.28 промили алкохол во крвта, соопшти МВР. Се работи на целосно расчистување на случајот.