Провалил во продавница, украл 51 пиштол


Полицијата трага по непознат сторител, кој минатата недела проваил во продавница за ловна опрема лоцирана во скопската населба Капиштец. Според првичните сознанија, со употреба на погоден алат, арамијата влегол во дуќанот и одзел вкупно 51 пиштоли и револвери, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.