Притворени тројца дилери на дрога


Едномесечен притвор им е одреден на тројца дилери на дрога од Куманово, Кучичино и Велес. Тие се сомничат дека во вторникот со автомобил пристигнале во Куманово и од непознато лице набавиле поголемо количество марихуана, по што заминале во куќа на улицата „Сутјеска“ во Штип каде како потстанар живеел еден од пријавените. По претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници влегле во куќата и пронашле вкупно 1.340 грама наркотична дрога марихуана спакувана во неколку најлонски ќеси, која што требало да заврши на црниот нарко-пазар. Против нив е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, соопшти МВР.