Груевски на распит во СЈО


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска дојде во просториите на Специјалното јавно обвинителство.

Засега нема информации дали Груевски е повикан како обвинет или сведок во некоја од постапките што ги води СЈО.

Груевски е обвинет во неколку предмети на СЈО, а за еден од нив „Насилство во Центар“ во тек е постапка пред Кривичниот суд – Скопје.