Приведен дилер на кокаин и хероин


Кривична пријава е поднесена против 33 – годишен маж во чиј дом при претрес пронајдени се хероин и кокаин. Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека во неговиот дом вчера се пронајдени стаклена тегла со паковки со бела прашкаста материја, кеса со кафеава прашкаста материја, дигитална вага, пари во вредност од 350 евра и 64.000 …

Приведен дилер на кокаин и хероин Read More »

Идентификувани девет жртви од автобуската несреќа кај Ласкарци


Идентификувани се девет од четиринаесет жртви кои ги загубија своите животи во трагичната автобуска несреќа на патот Скопје-Тетово. Ајден Исмаили Зоран Давидовски Раметула Абдурахими Јовица Трпевски Онур Садику Бесим Камбери Бобан Аврамовски Есад Емрули Павле Костовски Во трагичната сообраќајна несреќа животот го загубија 14 лица, а со повреди се здобија над триесетина.

„Титаник“ одложен за 27 февруари


Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство се одложува за 27 февруари поради здравствени проблеми на обвинетиот Ендмонд Темелко. Судијата Осман Шабани рече дека со писмен поднесок од 12 февруари 2019 година бил информиран дека Ендмонд Темелко е спречен да присуствува на денешната расправа поради нарушена здравствена состојба. Бранителот на Темелко кажа дека …

„Титаник“ одложен за 27 февруари Read More »

На „Траекторија“ се презентираат СМС пораки за соработката со „Синохидро“


Со презентација на СМС комуникацијата меѓу поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и негови соработници од кабинетот преку која ја договарале соработката со кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатиштата во Македонија, во Кривичниот суд почна судењето за предметот „Траекторија“ на СЈО. Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт …

На „Траекторија“ се презентираат СМС пораки за соработката со „Синохидро“ Read More »

Опожарени дуќан во Скопска чаршија и угостителски објект во Бутел


Дуќан во Старата скопска чаршија и угостителски објект во општина Бутел ноќеска се опожарени при што е причинета материјална штета. Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со четири возила и 11 пожарникари интервенирала од 23:13 до 00:55 часот на пожарот во Старата скопска чаршија, а од 03:55 до 05:25 часот седум пожарникари со три возила …

Опожарени дуќан во Скопска чаршија и угостителски објект во Бутел Read More »

Бомба експлодираше во „Мавровка“, нема повредени


Силна експлозија одекнала доцна синоќа во трговскиот центар Мавровка во Скопје, јавува телевизија Алсат. Повредени лица нема, но причинета е материјална штета кај неколку локали. Според информациите на телевизијата, во трговскиот биле поставени две експлозивни направи, но само едната се активирала. По интервенција на полицијата другиот експлозивен уред бил деактивиран.

Со пиштол одземал лекови од аптека во Охрид


Во аптека на улица „Македонски просветители“ во Охрид било пријавено дека околу 12:30 часот, лицето Р.Ч. (27) од Охрид извршил разбојништво и со закана со пиштол од вработената одзел лекови. Р.Ч. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На име на Министерство за земјоделие вработен набавил мобилни за 450 илјади денари


Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д. А. (32) од Велес поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела ,,проневера во службата“ и ,,фалсификување или уништување на деловни книги“. Како што информира МВР, пријавениот Д. А., вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и …

На име на Министерство за земјоделие вработен набавил мобилни за 450 илјади денари Read More »

Сообраќајка кај Пехчево, едно лице е тешко повредено


Во 17:30 часот вчера на регионалниот пат Делчево-Берово, кај село Тработивиште, патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(37) од село Црник, Пехчевско, изгубило контрола и излетало од патот. Како што соопштуваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде му била …

Сообраќајка кај Пехчево, едно лице е тешко повредено Read More »

Куче откри дрога кај Македонец во Пула


Триесет и двегодишен македонски државјанин е уапсен во Пула откако бил фатен со дрога. Хрватските медиуми пишуваат дека во понеделникот околу 14 часот на автобуската станица во Пула, полициските службеници забележале сомнителен маж, кој туку што пристигнал со автобус. Имајќи предвид дека дента биле спроведени засилени контроли за откривање дрога, со нив било и издресираното …

Куче откри дрога кај Македонец во Пула Read More »

(ФОТО) Страшна несреќа кај Скопјанка, автомобил превртен на кров


Страшна несреќа се случи вечерва во скопската населба Аеродром на булеварот пред трговскиот Скопјанка. Автомобилот се превтел на кров, а според неофицијални информации во него бил само возачот кој со брза помош е префрлен на Ургентен центар. Полиција е на терен и врши увид за несреќата.   ФОТО: Независен весник

Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков


Поднесена е кривична пријава за убиство во обид за 40-годишниот Драганчо Стоименов познат како Дацо Белски, телохранител на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Пријавата вчера ја поднела Полициската станица Кочани до Основното јавно обвинителство во Кочани.  Стоименов од петокот вечерта е во бегство, откако во угостителскиот објект „Аква“ во Кочани со пиштол пукаше во 33 …

Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков Read More »

Македонец со лажни бугарски документи се обидел да влезе во БиХ


Македонски државјанин со фалсификувани бугарски документи се обидел да влезе на територијата на Босна и Херцеговина, но при проверка на документите гранична полиција во Бијелина го открила и го привела. Тој поседувал лажен бугарски пасош, фалсификувана лична карта и лажна возачка дозвола. Фалсификуваните документи кај лицето се откриени при проверка на автобус што патувал на …

Македонец со лажни бугарски документи се обидел да влезе во БиХ Read More »

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Македонец од Сарај ја избол до смрт сопругата на паркинг во Австрија


Триесет и шестгодишен државјанин на Македонија ја убил својата сопруга на паркинг во австрискиот град Тулн. Според информациите на австриските медиуми осомничениот е 36 годишен маж кој ја пречекал својата сопруга (32) на паркинг пред супермаркет во градот Тулн и ја нападнал со нож пред очите на повеќе минувачи. Брачниот пар имале две деца, 6 …

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Македонец од Сарај ја избол до смрт сопругата на паркинг во Австрија Read More »

Српски државјанин починал во Медицинскиот центар во Велес


Во СВР Велес вчера било пријавено дека во Медицинскиот центар Велес починал М.К.(57) од Крагуевац. Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски наведе дека лицето, прво побарало медицинска помош во Градско, по што, по негово барање, бил пренесен во Медицинскиот центар Велес, каде починал. Посочи дека лекар од Медицинскиот центар констатирал, смрт без траги на насилство. …

Српски државјанин починал во Медицинскиот центар во Велес Read More »

Продолжи судењето на обвинетите за убиството на Саздовски


Пред почетокот на денешното рочиште за Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски-Саздо, јавниот обвинител до Судот достави оригинална наредба за обезбедување записи од видео камера од ЦД Безбедносен град. Бранителот на второбвинетиот Беља, адвокат Стефан Ристовски побара Судот да не ја прифати снимката како доказ сега, туку во дополнителни …

Продолжи судењето на обвинетите за убиството на Саздовски Read More »

Јане Ченто во Шутка се противел да го предаде мобилниот


Мобилен телефон, мобилен полнач, импровизиран кабел за полнење мобилен телефон и други недозволени предмети биле пронајдени вчера при редовен претрес на собите во истражниот затвор Шутка кај лицето Јане Ченто, соопштуваат од Истражниот затвор Скопје. Директорот на затворот Ѓоко Котевски потврди дека службените лица издале наредба да ги предаде недозволените предмети, на што тој се …

Јане Ченто во Шутка се противел да го предаде мобилниот Read More »

„Монструм“: Се прикажуваат докази обезбедени со ПИ мерките, јавноста исклучена


Со внесување на исказите на родителите на жртвите и другите материјални докази во записник за главен претрес почна денешното рочиште за предметот „Монструм“ на СЈО за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година. Постапката продолжи со прикажување на доказите обезбедени со посебни истражни мерки при што, судијата Огнен Ставрев ја исклучи јавноста. …

„Монструм“: Се прикажуваат докази обезбедени со ПИ мерките, јавноста исклучена Read More »

Меѓународни криминалци ограбиле две банки во Македонија


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 и кривично дело – Злосторничко здружување од член 394 од Кривичниот законик. Како што соопштија од ЈОРМ, станува збор за меѓународна …

Меѓународни криминалци ограбиле две банки во Македонија Read More »