(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Македонец од Сарај ја избол до смрт сопругата на паркинг во Австрија


Триесет и шестгодишен државјанин на Македонија ја убил својата сопруга на паркинг во австрискиот град Тулн. Според информациите на австриските медиуми осомничениот е 36 годишен маж кој ја пречекал својата сопруга (32) на паркинг пред супермаркет во градот Тулн и ја нападнал со нож пред очите на повеќе минувачи.

Брачниот пар имале две деца, 6 и 10 години, кои исто така биле сведоци на убиството.

Сопружниците потекнуваат од скопското село Ласкарци, кај Сарај.

Австриските медиуми пишуваат дека убиецот е уапсен, а децата се згрижени во соодветните институции.