Случај „Траекторија“: За Груевски и неговите адвокати спорни се смс-пораките


Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се противи судот да ги изведе како доказ СМС пораките кои ги предложи Специјалното јавно обвинителство, а се однесуваат на случајот  „Траекторија“, односно за провизии од изградба на два автопата.
Повлекување на СМС-пораките прв побара бранителот Димитар Дангов, еден од тимот адвокати на обвинетиот Груевски. Бескарајно долгата тирада на адвокатот Дангов почна кога претседателот на судсчкиот совет, судијата Горан Бошевски, ги инфомрираше присутните дека судот ги одбил безмалку сите приговори на одбраната, а кои беа доставени на минатото судско рочиште. Реакцијата на адвокатот уследи по решението на судот „бомбите“ да се изведат како доказ иако одбраната го бараше токму спротиивното. Тој побара судот да му даде компакт диск, односно снимка од минатото судско рочиште, а која, всушност, претставува записник од судење. По ова, тој побара прекин на судењето.
Прекин на судскиот процес и исти барања до судот „испорача“ и адвокатот Донче Наков. Тој дури и се закни дека ќе престане да дава правна помош и одбрана на неговите штитеници.

Целиот текст на правосудство.мк