Од продавница во Ѓорче Петров украдени 21 лаптоп


Од продавница за техничка стока на ул. „Ѓорче Петров“ непознат сторител украл 21 лаптоп компјутери и причинил штета од околу 900.000 денари.

МВР соопшти дека, во периодот од 15 часот на 11 февруари до 04:30 часот вчера непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за техничка стока на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје.

Сторителот, како што се наведува, со парче бетон го скршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и одзел 21 лаптоп компјутер, по што побегнал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 900.000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.