Советот за етика ќе го „чешла“ Советот на обвинители


Изборот на Марија Ѓоргова за обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење органиизиран криминал и неизгласување на уште еден мандат за обвинителка Лидија Раичевиќ ќе го разгледува Советот за етика.

Како што дознава правосудство.мк, „Транспаренси интернешнел Македонија“ поднела преставка до Здружението на обвинители и до Етичкиот совет. Од нив се бара да го проверат работењето, но и постапувањето на претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјов и на членот на Советот, Фиданка Раевска.
Според сознанијата, иницијативата на „ Транспаренси интернешнел Македонија“ уследила по објавата на веста дека Коле Штерјов гласал за избор на Марија Ѓоргова, иако се работи за негова внука и снаа, но и поради тоа што Фиданка Раевска учествувала во неизборот на Раичевиќ, која, пак, води предистрага за нејзиниот сопруг за финансиски проневери.