Француски волонтери спасени од премрзнување на Шапка


Полицијата и Гроскоспасителската служба успеале денеска на Попова Шапка да пронајдат и да спасат двајца француски државјани кои залутале во планината.

Попладнето било пријавено во СВР – Тетово дека двајца Французи, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово, залутале и се изгубиле на падините на Попова Шапка и единствено знаеле дека се наоѓаат покрај некоја карпа. Полициски службеници од одделението во Попова Шапка и претставници на Горскоспасителската служба веднаш започнале со потрага и координирани активности за нивно лоцирање и извлекување. По речиси три часа потрага, двајцата волонтери биле пронајдени забележително премрзнати, по што со ратракт биле спуштени во полициското одделение – Попова Шапка