Во сообраќајка повредена пратеничка на СДСМ и градоначалникот на Валандово


Во сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер кај Удово, потешко повредена е пратеничката од СДСМ Мери Лазарова (33), а со полесни повреди поминал градоначалникот на Валандово Перо Костадинов (30).

Пратеничката итно била пренесена во Ургентниот центар во Скопје, со повреди на главата и телото.

Како што информираат од полицијата, автомобилот марка „опел корса“ се превртело, откако возачот се обидел да избегне одрон на патот. Според првичните информации, возилото го управувала пратеничката.