Словенија официјално: 1.663 новозаразени


  Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 1.663 новозаразени со корона вирус, што е нов рекорд по оние 1.503 од вчера, според најновите податоци кои во четврток објави министерството за здравство. Досега од Ковид-19 во Словенија заболеа 17.646, а активни се 10.136. Инциденцата на зараза, која покажува колку заразени има на 100.000 жители […]

Хрватска со рекордни 1.563 нови случаи со Ковид-19, починаа 13


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 1.563 случаи со Ковид-19, а бројот на активни случаи се зголеми на 7.380. Починаа 13 пациенти, од кои 10 во Загреб, а тројца во осиек. На болничко лекување се 661 пациенти, а 46 на респиратор. Досега во Хрватска заболеле 29.850 лица, а оздравеа 22.064. Починаа […]

Во Словенија повеќе од 1.600 новозаразени од Ковид-19


Во Словенија се потврдени повеќе од 1.600 нови случаи на корона вирус. Ова е објавено на веб-страницата 24 УР, која секое утро објавува неофицијални информации за вирусот, а за кои подоцна се утврдува дека се точни. Во Словенија стапи во сила полицискиот час, односно ограничувањето на движењето помеѓу 21 и 6 часот наутро, а властите ги повикаа […]

Умерен земјотрес регистриран во близина на Закинтос


Умерен земјотрес синоќа е регистриран во Јонско Море во близина на грчкиот остров Закинтос. Земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 10 километри длабочина, на 76 километри од Закинтос. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Само во Загреб утрово 705 новозаболени


  Во Загреб, Хрватска денеска се регистрирани 705 нови случаи на зараза со корона вирус, а тестирани се повеќе од 1.900 луѓе. Шокантната бројка за ИНдекс ја потврди директорот на загрепскиот Наставен завод за јавно здравје Звонимир Шостар. Во Загреб вчера имаше 337 новозаразени, а вкупниот број во Хрватска беше 1.424. Денеска, во 10.45 се […]

СЕ повторно ја повика Хрватска да го запре насилството врз мигрантите


Хрватските власти мора да го запрат насилството врз мигрантите на границата со Босна и Херцеговина и да почнат да ги казнуваат одговорните полицајци, изјави вчера комесарот на Советот на Европа за човекови права, Дуња Мијатовиќ. Таа истакна дека се уште пристигнуваат извештаи за насилство и покрај тоа што пред две години беа повикани хрватските власти […]

Конференција на министрите од ЕУ и од Западен Балкан за правда и внатрешни работи


Министрите од ЕУ и од Западен Балкан денеска ќе одржат видео конференција за правда и внатрешни работи, најави Брисел. Конференцијата е во организација на германското претседателство со Советот на ЕУ, а покрај министрите, ќе учествуваат и еврокомесарите за проширување, правда и внатрешни работи, Оливер Вархеји, Дидие Ренедерс и Илва Јохансон. Европската комисија најави дека комесарката […]

Коронавирусот галопира на Балканот, државите уриваат рекорди


Најсериозна е ситуацијата во Словенија, Хрватска и во БиХ, каде заразата се шири со галопирачки размери. Земјите од регионот воведуваат полициски час и рестрикции. Дали тоа ќе биде доволно во борбата против Ковид-19? На Европа и се заканува ново затворање и ригорозни мерки за заштита, откако бројот на заразени со Ковид-19 почна да расте со […]

Србија со рекордни 512 новозаразени, половината во Белград


  Според последните информации во Србија во последното деноноќие забележани се 512 новозаразени со Ковид-19, а речиси половина од нив 240, се во Белград. Тестирани биле 7.425 луѓе, а вкупно 1.256.531 од почетокот на епидемијата. Во болница се 490 пациенти, а на респиратор 27. Стапката на смртност во Србија изнесува 2,1 отсто. Денеска почина еден […]

Итна седница на Кризниот штаб на Србија – ќе се бара негативен ПЦР тест за влез во земјата


  Утре ќе биде одржана итна седница на Кризниот штаб на Србија поради ситуацијата со корона вирусот, која требаше да биде одржана во петок. Епидемиологот Предраг Кон ја потврди информацијата, а брзањето се должи на тоа што има зголемен број новозаболени од Ковид-19. Според Кон, забранат за движење е последна опција, но се надеваат дека […]

Покрај сите мерки, вирусот во Словенија се шири – 1.503 заразени


  Покрај воведениот полициски час и новите мерки на владата, во Словенија регистриран е рекорден број новозаразени – 1.503. Тестирани се 5.891 лица, а активни се 8.860. Починаа осум лица, со што бројот на жртви нарасна на 200, јави РТВ Словенија. Со ова 14-дневната инциденција на 100.000 жители поранса на

Босна и Херцеговина се ближи до 1.000 случаи дневнo, денеска 926, со 14 починати


  Во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа со корона вирус заразени се 926 лица, а починаа 14 пациенти. Во Фередацијата новорегистрирани се 654, а во Република Српска 268, а во Брчко четворица. Во Федерацијата тестирани биле 2.278 примероци, или вкупно 186.395. Досега корона вирусот е најден кај 23.621 лица. Оздравени се 17.935, а […]

Полициски час и пусти улици – Словенија со 1.323 новозаразени


Во вторникот во 21 часот, прв пат во историјата на независна Словенија, стапи на сила полициски час, кој трае од 21 до 6 часот наутро. Ваквата драстична мерка, која оваа земја не ја примени во првиот бран на епидемијата, сега е оправдана со новите денешни 1.323 заболени од Ковид-19, во последните 24 часа. Од полноќ […]

Хрватска има 1.424 новозаболени, починаа 11


Националниот штаб на Хрватска ги објави најновите податоци, а денеска бележат рекорд со 1.424 новозаболени, а има и 11 починати пацинети од последиците на Ковид-19.. Активни се 6.459 случаи, меѓу кои 622 пациенти на болничко лекување, од кои 38 на респиратор. Од почетокот на пандемијата досега во Хрватска се забележани 28.287 заразени, 393 починаа, а […]

Поплава на проруски партии во Бугарија


Социјалистите отворено пропагираат „нормализирање“ на односите со Москва, неколку помали партии го величаат Путин и православието. Десничарите се трансформираат во проруски агитатори   Кандидатите за гласови на „русофилите“ во Бугарија се зголемуваат. На претстојните избори за прв пат се очекува да има јасно брендирана проруска партија – онаа на русофилот – „шпион“ Николај Малинов, но […]

Бугарскиот претседател Румен Радев во самоизолација по контакт со заразен од Ковид-19


Претседателот на Бугарија Румен Радев оди во самоизолација поради контакт со заразен со Ковид-19, јавија бугарските медиуми. Делегацијата што ја предводеше тој се врати предвреме од посетата на Естонија. Заразениот со кого бил во контакт бугарскиот претседател е новиот началник на ВВС на Бугарија, генерал Димитар Петров. Последниот јавен настан каде беа присутни Радев и […]

Дачиќ ќе биде идниот претседател на српското собрание


Србија-Идната српска влада ќе биде коалициона влада со СПС на Ивица Дачиќ и СПАС на Александар Шапиќ и со ограничен рок од две години, се до вонредните парламентарни избори, кои ќе се одржат паралелно со претседателските, не подоцна од 3 април 2020 година, изјави вечерва српскиот претседател и лидер на Српската напредна партија (СПС) Александар […]

Од четврток во Бугарија задолжително носење маски и на отворено


Бугарија – Од четврток во Бугарија ќе биде задолжително носење маски и на отворен простор, со цел подобро справување со епидемијата на коронавирус. – Очекуваме намалување на инциденцата доколку строго се следат мерките. Во други земји ова веќе се спроведува. Ќе им дадеме можност на бугарските граѓани да набават маски и веруваме дека од четврток маските […]

Во Црна Гора нови 132 заразени, починаа седум пациенти


Во Црна Гора, во последните 24 часа, регистрирани се 132 новозаразени лица и седум полинати. Како што соопшти Институтот за јавно здравје анализирани се 777 примероци. Најмногу новозаразени се во Подгорица – 55. Вкупно починати од Ковид-19 од јуни е 238, а од почетокот на епидемијата 247. Оздравеле уште 293 пациенти, а активни се 4.064. […]

НАТО и донираше на Албанија 60 респираторни машини


Албанското Министертво за одбрана прими донација од НАТО која се состои од 60 респиратори машини. Во врска со донацијата преку Фејсбук реагираше американската амбасада каде се наведува дека САД покажува дека испораката на респираторните машини од американско производство ја потврдува посветеноста на САД кон глобалните предизвици. -Сојузниците на НАТО се обединети во борбата против Ковид-19. […]