Хрватска со рекордни 1.563 нови случаи со Ковид-19, починаа 13


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 1.563 случаи со Ковид-19, а бројот на активни случаи се зголеми на 7.380.

Починаа 13 пациенти, од кои 10 во Загреб, а тројца во осиек.

На болничко лекување се 661 пациенти, а 46 на респиратор.

Досега во Хрватска заболеле 29.850 лица, а оздравеа 22.064. Починаа 406 пациенти со Ковид 19.

Во самоизолација има 25.620 лица. Тестирани се вкупно 418.821, од кои 6.874 во последното деноноќие.