Словенија официјално: 1.663 новозаразени


 

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 1.663 новозаразени со корона вирус, што е нов рекорд по оние 1.503 од вчера, според најновите податоци кои во четврток објави министерството за здравство.

Досега од Ковид-19 во Словенија заболеа 17.646, а активни се 10.136.

Инциденцата на зараза, која покажува колку заразени има на 100.000 жители во 14 дена, се зголеми на 484. Во болница се 357 луше, од кои 62 на интензивните оддели.

Денеска во Словенија има седум починати пациенти, а вкупниот број починати се искачи на 207.

Тестирани се 6,215 луѓе, а тоа значи дека процентот на заболени е 26,7 отсто.

На сила денеска стапија уште некои мерки. Фризерските салони може да работат со еден клиент, достава на храна се врши од 6 наутро до 21 часот, а тренинзи се дозволени само за најистакнатите спортисти.

Од вчера во Словенија има полициски час.