Полициски час и пусти улици – Словенија со 1.323 новозаразени


Во вторникот во 21 часот, прв пат во историјата на независна Словенија, стапи на сила полициски час, кој трае од 21 до 6 часот наутро.

Ваквата драстична мерка, која оваа земја не ја примени во првиот бран на епидемијата, сега е оправдана со новите денешни 1.323 заболени од Ковид-19, во последните 24 часа.

Од полноќ дружењето е ограничено на најмногу шест луѓе, а постои и забрана за движење меѓу региони.

Воведувањето на полицискиот час во главниот град Љубљана е прилично мирно, а по 21 часот на улиците биле само полицајците.

Малку поинаку беше во Марибор, каде стотина граѓани демонстрираа на главниот плоштад, укажувајќи дека полицискиот час не е уставен.

Премиерот Јанез Јанша синоќа како реакција на протестот, на Твитер напиша дека Словенија во последните 24 часа имала повеќе од 1.100 новозаболени и ги повика луѓето да бидат сериозни.

Утрово портпаролот на Владата за корона вирус, Јелко Кацин ги повика луѓето да останат дома.

https://twitter.com/GovorecCOVID19/status/1318780773651066880?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1318780773651066880%7Ctwgr%5Eshare_3%2Ccontainerclick_1&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2020mm%3D10dd%3D21nav_category%3D167nav_id%3D1750821

„Навистина, останете дома ако можете. Многу од нас мора да одат на работа, особено денеска. Пазете на себе и повикајте помош за оние на кои им е потребна. Не се малку“, напиша Кацин.

Во вторникот вечерта владата одлучи колективните спортови но само на највисоко ниво да продолжат да се одржуваат, додека кај поединечните дозволени се големи домашни и меѓународни спортски настани но без публика.

На фризерските салони им е дозволено да имаат еден клиент во дуќан од 20 метри квадратни.