Босна и Херцеговина се ближи до 1.000 случаи дневнo, денеска 926, со 14 починати


 

Во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа со корона вирус заразени се 926 лица, а починаа 14 пациенти.

Во Фередацијата новорегистрирани се 654, а во Република Српска 268, а во Брчко четворица.

Во Федерацијата тестирани биле 2.278 примероци, или вкупно 186.395. Досега корона вирусот е најден кај 23.621 лица. Оздравени се 17.935, а активни 5.021.

Починати се 12 чица, со што вкупниот број се искачи на 665.

Во РС регистрирани се 268, а починале двајца.

Во Дистриктот Брчко има четворица новозаразени.